Достапни линкови

Потпишани договори за соработка во областа на евро интеграциите


Соработката меѓу двете земји е оценета на високо ниво. Премирите на Македонија и Албанија Хари Костов и Фатос Наноно потпишаа неколку билатрални договои меѓу кои и договор за соработка во областа на евроинтеграциите:

„Односите меѓу Македониј и Албанија се одличен пример за заемната соработка за цњелиот регион, а ова не се должи само на доследното и успешно спроведување на Рамковниоѕ договор во Македонија туку и со потпишување на нови билатерални договори меѓу двете земји,“

изјави албанскиот премиер Фатос Нано кој ги охрабри коалициските партнери со концензус да ги решат и недоразбирањата по однос на пакетот закони за децентрализација.

Премиерот Хари Косов е убеден дека решение по одно на пакетот закони за децентрализација ќе се најде:

„Многу јасно дека тоа е и една од нашите обврски и задачи кои треба да ги направиме на патот спрема ЕУ и секакви идеи околу оддолжување на тој процес фактички не уназадува и во процесот на приближување кон ЕУ. Очекувам дека ќе престанат таканаречените запаливи изјави околу тој процес и дека во наредните неколку дена тоа прашање со ладни глави ќе биде решено меѓу коалиционите партнери во владата, а понатаму и во Собранието.“

Министрите за Внатрешни Работи на Македонија Сиљан Аврамовски и Игли Тоска, со цел да се придонесе во спречувањето на организираниот криминал, тероризмот и илегалното движење потпишаа договори за спречување и откривање на кривични дела во повеќе области како и договор за реадмисија:

„Потпишаните договори се во духот на постоечкото пријателство и соработката меѓу двете земји. Постигнат е договор за соработка на полето на борбата против организираниот криминал, тероризмот, трговијата со наркотични средства, илегална миграција и други нелегални активности. Македонија и Албанија го потпишаа и договорот за реадмисија, односно преземање лица со незаконски престој во едната или другата земја,“

изјави портпаролот на МВР Горан Павловски.

По исполнување на правнит процедури двете страниќе разменат и офицери за врски.

За разлика од високиот степен на соработката меѓу двете земји во оие области , Македонија и Албанија заостануваат во економскиот дел:

„Македонија на пример, со Бугарија и со СЦГ, има обем на размена, околу стотина милиони долари, а со Албанија само дваесетина.“

вели портпаролот на министерството за економија Гоце Пачемски.
XS
SM
MD
LG