Достапни линкови

Шансите за НАТО реални, но реформите мора да се забрзаат особено во судството


Македонија предничи во рефромите во одбраната во однос на другите земји од јадранската повелба Хрватска и Албанија и може реално да се надева на идно членство, но во иднина мора да се фокусира на политичкиот дел од задачата што НАТО ги оценува при приемот. Оваа порака на генералниот секретар на Алијансата, Де Хоп Схефер дадена во Скопје беше проследена и со цел список приоритети од економските реформи, преку рамковниот договор, борбата против корупцијата и организираниот криминал па се до реформи во судството. Најавите за добри вести од Истанбул каде на Македонија ќе и биде упатен јасен сигнал дека напредува на патот кон НАТО се охрабрувачки, но вели поранешниот министер за одбрана професорот Владо Поповски:

„Вториот дел од пораката на генералниот секретар на НАТО коишто се однесуваат на нужни зафати и реформи во областа на судтвото, и во целиот тој контекст на вредности укажува дека Република Македонија на тој план заостанува.“

Со ова се согласува и екс заменик министерот за одбрана Назми Маличи.

„Во судската власт мора да се измениме во тој дел да личиме како правна држава, бидејќи оттука се градат сите други односи.“

Реалните очекувања на Македонија за две години да добие покана за членство се причина повеќе за забрзување на реформите, особено во судството велат експертите.

„Треба посериозно, владата и парламентот, да направат план и програма и во догледно време да се зафатат со покрупни промени. Ние навистина имаме реални шанси до 2006 година да бидеме поканети во НАТО, затоа што до 2006 година има доволно време да се заврши вториот дел, посебно во областа на судството.“

„Јас мислам дека забелешката за судската власт, борбата против организираниот криминал, корупцијата, тоа треба да е приоритет, затоа што иако се мисли дека сме многу блиску до НАТО овие девијантни појави може да не оттргнат.“
XS
SM
MD
LG