Достапни линкови

Испитувања за влијанието на рекламите со магнетна резонанца


Научниците открија дека можат да ги измерат зоните на мозокот кои одговараат на стимулициите од на пример рекламите. Невропсихолозите во Соединетите Држави изведоа неколку експерименти во анализирањето на политичките реклами за Џорџ Буш и за неговиот, по се изгледа, претседателски против кандидат Џон Кери. Но, некои велат дека не гледаат некоја посјајна иднина за таканаречениот невромаркетинг.

Рекламните агенти се фокусираат врз испитувањата на јавното мислење за да го одредат начинот како да и го свртат вниманието на јавноста. Но, наеднаш, ваквата технологија веќе е не доволна. Сега тука е невромаркетингот. Продавачите на сешто, од пијалаци до политички кандидати, медицински беа експериментирани со процедурата позната како магнетна резонантна слика. Оваа процедура традиционално се употребува за да помогне во навременето дијагностицирање на извесен број заболувања. Меѓутоа, невро рекламните агенти оваа техника ја употребуваат научно да испитаат како консументите одговораат на нивниот маркетинг, односно претставување на нивните производи. Процедурата е лесна. Некому му се покажува рекламата и со магнетното резонантно снимање може да се види кој дел од мозокот реагира на таа реклама. Има и скептици, но ако се покаже дека ваквата техника е успешна, таа може да вреди милиони долари. Марко Јакобони, од Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес кој вршел вакви испитувања вели дека техниката во овој момент е само на експериментално ниво.

„Ние сме на средината на барањето податоци. Засега само ги собираме. Значи, нашите впечатоци и нашите размислувања се навистина прелиминарни.“

И покрај тоа, Јакобони верува дека испитувањата ќе донесат извесни новини во политичкиот маркетинг. Имано, тој открил дека луѓето најчесто се определуваат за некој политички кандидат врз емоционална основа, а оти отфрлаат некој врз основа на рационално расудување.

„Тоа ми покажува две работи, најпрво дека донесувањето некаква политичка одлука не е само рационално решение, туку и решние на емоционалното однесување. Втората работа е дека во тоа се користи позитивната, а не негативната емоционална компонентна.“

Не секој е импресиониран од ваквиот концепт. Крис Фрит е професор по невропсихологија на Универзитетот во Лондон.

„Го правиме ова со мозокот само колу десет години, а тој е енормен. Мислам дека ние само гребеме по површината и не знаеме скоро ништо за тоа што значат сигналите што ги добивме.“

Со други зборови, додава Фрит, снимањето на мозокот со магнетна резонанца, исто како и декторот на лажењето, дава многу информации, но оти тие треба и правилно да бидат интерпретирани.
XS
SM
MD
LG