Достапни линкови

ДУИ за Црвенковски, ДПА ќе се изјасни неделава


На една недела пред вториот круг од претседателските избори се интензивираат активностите на изборните штабови на претседателските кандидати Бранко Црвенковски и Сашко Кедев. Двајцата претседателски кандидати, во своите настапи, ги повикуваат граѓаните, на 28 април да излезат масовно на гласање, а во таа насока деновиве беа интересни и ставовите на партиите на Гзим Острени и на Зуди Џелили, односно одлуката за тоа кого ќе поддржат тие во вториот круг. И додека во јавноста се ширеа шпекулациите што треба да добијат ДУИ и ДПА за да ги повикаат своите симпатизери да го дадат гласот на еден од кандидатите, централното претседателство на ДУИ донесе одлука во вториот круг да ја поддржи кандидатурата на претседателскиот кандидат Бранко Црвенковски. ДПА најави дека својата одлука ќе ја донесе неделава. Во меѓувреме, двата изборни карвана го продолжуваат патувањето низ македонските села и градови. Црвенковски на средбите со граѓаните, нагласува дека Република Македонија не смее да си дозволи институционална блокада и дека е многу важно изборите да битат успешни. Кедев пак, ги посетува местата каде што добил најмногу гласови во првиот круг, велејќи дека поддршката ќе му треба и на 28 април. Тој им порачува на гласачите дека вториот круг од изборите претставува референдум на кој ќе треба да се одлучи дали ќе се ослободиме од партиската диктатура.
XS
SM
MD
LG