Достапни линкови

Предност за оној што ќе понуди купување во пакет


На еден ден од отварањето на понудите за купување на трите рудника за олово цинков концентрат рударските експерти со констатација, рудниците ќе работат профитабилно само доколку имаат еден ист сопственик. Според министерот за економија Стевче Јакимовски, предност во купувањето ќе добие оној инвеститор кој ќе достави понуда за купување на трите рудника во пакет.

Како заинтересирани инвеститори покрај грчката фирма митилинеос која досега соработуваше со трите рудника се јавуваат и швајцарски „Гленкор“ и „Трафигура“ фирми, лидери во бизнисот со производство и трговија со олово-цинков концентрат. Она што е сигурно е дека компанијата која ќе се нафати да ја експлоатира македонската руда, поради својот квалитет лесно ќе може да ја продаде на светскиот пазар, вели Ристо Димов, професор на рударскиот факултет од Штип.

Според професор Зоран Деспотов пак, во прилог оди и трендот на покачување на цената на светските берзи на олово-цинковиот концентрат.

Од друга страна, главната негативност е , неработењето на единствената топилница. Тендерот за продажба на оваа компанија ќе биде распичан дури откако ќе бидат расчистени имотно-правните односи во топилницата, вели министерот Јакимовски.

Според рударскиот инженер Антоние Ефремов, рудниците за олово цинкова руда може да работат рентабилно единствено доколку во Македонија покрај постојната биде отворена и нова Топилница. Според него, транспортот на рудата во топилниите во соседнте земји предизвикува висок трошок, кој кога ќе се вкалкулира во цената на чинење на производот во голем процент ја нагризува добивката.

Според анализите на рударските експерти рокот на експлоатација во рудникот „Саса“ се проценува на 29 години, додека во „Злетово“ и „Тораница“ овој период е 19 години. со дополнителни инвестици одоносно со отварање на нови копови во сите три рудника рокот на екслоатација би изнесувал над 50 години.
XS
SM
MD
LG