Достапни линкови

Исламистичките групи на Балканот во моментов не се закана за безбедноста


Може ли да се зборува за присуство на милитантни исламситички организации во Македонија и со колкав капацитет тие би можле да прествуваат закана за безбедноста е прашање што се актуелизира по наводите на воено - безбедносната агенција од регионот и пошироко дека во наредниот период на Западен Балкан може да се очекува продор на радикален ислам и тероризам.

Професор Љубомир Фрчковски поранешен министер за внатрешни работи вели дека појавата на радикалните исламски групи на Балканот е постара и таа се поврзува со почетокот на воениот конфликт во Босна и на Косово и кризата во Макаедонија кога тие се инфилтрираа во тие региони:

„Во Босна се појави една зелена трансферзала, снабдување на радикални исламистички елементи таму, од Албанија низ Македонија, Косово итн. Значи, во такви моменти се зголемува можноста за платеници и за организирани фундаменталистички исламски групи, милитантни, во регионот.“

Во денешен контекст според овие групи немаат шанса да претствуваат закана за безбедноста во нормални улсови, но тој вели оти во улови на криза тие повторно може да процветаат.

„Ни претстои варијанта единствено поврзана со евентуалните вознемирувања на регионот со статусот на Косово, ако такви има. Тогаш треба да се држи на око можноста од платенички групи, кои би требало да предизвикуваат тероризам или инциденти, како би се вршел притисок околу расправата за конечниот статус. Инаку, надвор од тоа моја проценка е дека тие немаат вистинско тло во регионот.“

Според деканот на филозофскиот факултет во Скопје Трајан Гоцевски појавата на исламистички радиклани простори во регинот е глобален проблем кој претставува последица на процесот на стабилизација во југоисточна Европа и на светскитот тероризам.

„Тие на еден подолг рок, додека стае стабилизацијата на југоисточна Европа, ќе бидат носители на одредени процеси коишто ќе бидат негативни. Дали се точно инсталирани во Македонија или во другите држави, не можам да тврдам, но праксата покажува дека тие се појавуваат од време на време, скоро во сите држави во југоисточна Европа.“

Професорот Фрчковски пак, нивното присуство во Македонија го објаснува преку неколку примери на обиди тие да се инфлилтрираат во државата непсоредно пред и за време на воената криза во државата.

„Се смета дека инцидентот во Вејце и касапењето на македонските војници е предизвикано од дел од токму такви групи. Кога јас бев министер за внатрешни работи постоеја обиди за инфилтрација во невладиниот сектор, на таканаречени хуманитарни организации кои би создале некаква основа за регрутирање, создавање мрежи итн. Но, процветуваат во ситуација на криза.“
XS
SM
MD
LG