Достапни линкови

Договорените макроекономски параметри главно се спроведуваат


Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд по три дневна контрола во министерството за финансии и Народната банка со констатација, ветеното се спроведува. Нејзиниот прв човек Франек Розвадовски со став, макроекономските параметри се остваруваат во рамките на договореното:

„Мисијата е овде три дена и најде многу факти за тоа каква е состојбата со буџетот, во економијата. Генерално гледано вкупната проценка е дека проекциите што ги поставивме минатата година се повеќе или помалку точни. Реалниот пораст на БДП во 2003 година изгледа ќе биде малку повеќе од три насто. Инфлацијата е доста под контрола и за 2004 година изгледа дека порастот ќе биде во рамките на четири насто, како што предвидовме,“

вели Розвадовски . И покрај наајвите од македонскиот преговарачки тим дека на оваа мисија ќе биде отворено прашањето за нов аранмжан со оглед на фактот што „стенд-бајот“ истекува во јуни оваа година, Меѓународниот монетарен фонд дојде со нова политика:

„Во оваа мисија нема да биде преговарано за новиот аранжман. ММФ има нов пристап не само за Македонија туку и за другите земји, а тоа значи кога еден аранжман ќе заврши тогаш мора да се направи контрола на вкупните односи во изминатите 5, 6, 8 години за да се види кои се лекциите што сме ги научиле. Што ние сме направиле лошо, а што вие сте направиле лошо. И врз основа на оваа контрола ќе се направат планови за понатаму. Додека се ова не биде завршено, прерано е да се започнат преговори за новиот аранжман. Ќе имаме преговори со владата за политиката што Македонија ќе мора да ја спроведе во следните години, а добрите политики се добри, без разлика дали вие имате аранжман или не.“

е ставот на Розвадовски. Позитивната оценка од оваа мисија ќе значи и влечење на третата транша од „стенд-бај“ аранжманот. Овој аранжманот тежи 28 милиони долари, досега се повлечени две транши, а како неискористени остануваат уште десет милиони долари.
XS
SM
MD
LG