Достапни линкови

На берзата расте вредноста на добростоечките македонски компании


Последната недела на македонската берза се случи драстичен скок на акциите на неколку поголеми македонски компани. Вредноста на акциите на „Комерцијална банка“, „Макпетрол“, „Алкалоид“ се зголеми во просек за 30%. Купувачите се непознати, а причината зошто е тоа така ја коментираат од Македонската берза:

„Во изминатите две години, бидејќи Комерцијална Банка делеше дивиденда, се очекува и годинава да подели дивиденда, меѓутоа влијание имаше и најавената понуда за превземање од Банката на Австрија, така што сите инвеститори коишто се заинтересирани за купување на акциите и правење на капитални добивки веќе реагираат на тие информации,“

вели Милчо Ќупев директор во Македонската берза. Лиферуваните информации дека странски партнер е заинтересиран за влегување во скопски „Алкалоид“ се причина и за драстичниот скок на цената на акциите на оваа компанија:

„По највата на Светската Банка дека таа е заинтересирана за откуп на дел од акциите на оваа фирма.“

Според Ќупев потенцијалните инвеститори не треба во целост да веруваат на информациите што доааѓат преку медиумите, бидејќи како што вели тој во дел од нив има и шпекулации што само ја подгреваат ситуацијата и создаваат нереална слика. Најдобар извор за добивање на то6ни иформации е берзата со оглед на фактот што најголемиот дел од фирмите котираат на македонската берза и се обврзани сите податоци кој се релевантни а се однесуваат за компанијата да ги пласираат во оваа институција:

„Тие редовно не информираат, а кога се работи за некои вонреден настан, по кој ќе добиеме од било кој извор информација, ние редовно се обраќаме до компанијата и таа ни дава писмено известување. Сите тие информации ги ставаме на нашата веб страница и секогаш е упатно да се посети нашата веб страница и да се видат последните информации коишто ги интересираат инвеститорите.“

Она што ќе се изроди како позитивно од овонеделниот забрзан ритам на продажба на акциите е заживувањето на пазараот на долгорочните хартии од вредност:

„Се зголемува интересот, кога ќе се види дека имаме зголемен промет. Се јавуваат инвеститори кај брокерите, па и кај нас се јавуваат, прашуваат.“

Веќе е видно зголем интересот и за купување на акциите и на други компании , што барем досега не беше случај:

„И Топлфикација, Скопски Пазат, Тетекс, се интересираат за Европа итн.“
И додека во берзата веќе ги тријат рацете поради зголемената продажба што на нивното конто се пресметува со зголемен прилив на провизии од продадени акции одтаму најавуваат, кон средината на февруари и започнување со тргувањето на државните обврзници.
XS
SM
MD
LG