Госпоѓице дали Балканот сеуште е еден од приоритетите на европската политика?
Во секој случај би рекла дека е високо на агендата на надворешната политика. Иако се разбира во фокусот се и други прашања како што се институционалните реформи, проширувањето кое е во тек, Сепак за одреден дел од администрацијата во Брисел оној што се занимава со надворешната политика Балканот е сеуште на врвот на агендата
Што се според вас приоритетите на европската политика кон Балканот и во таа смисла кон Македонија?
Досега таа беше фокусирана на решавање на конфликти и помирување, а помалку на развој и теми кои се типични за проширувањето. Се надевам дека до промена ќе дојде и Европската Унија се помалку во регионот ќе гледа извор на конфликти а повеќе земји кои ќе бидат кандидати за членство. Во таа смисла агендата треба да биде променета. Тоа веќе започна со самитот во Солун. Сега, Европската Унија ќе треба да ги направи во основа истите процедури кои ги направи со земјите што сега се кандидати. Тоа е промена на политиката која исто така претполага промена во менталитетот на луѓето во европските инситуции
Дали токму на менталитетот или неподготвеноста за промени се должат резервите на Унијата за македонските најави за апликацција за членство и колку е реален ризикот од добивање негативен одговор?
Има гласови тука кои говорат дека Македонија сеуште не е подготвена, но јас мислам дека политички би било многу ризично за ЕвропскатаУнија негативно да одговори на таквата апликација. Мислам дека во тој случај таа повеќе би се решила да го одолговлече одговорот, но не мислам дека одговорот би бил негативен.
Сепак Брисел е резервиран за македонските најави за разлика да речеме во однос на Хрватска која подоцна го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација, но пред нас аплицираше за членство. Колку е ваквата компетиција поттик, а колку всушност ризик за земјите од регионот?
Мислам дека тоа на некој начин може да биде здраво затоа што колку повеќе соседите напредуваат толку вие чувствувате притисок тоа да го направите. Позната ми е негативната реторика, таа е секаде присутна, но компетицијата не е суштината на проблемот. Тоа што Хрватска ја поднесе апикацијата прва не значи дека Македонија нема шанса. Факт е дека Брисел на регионот гледа во целина, но почнува да прави разлика меѓу земјите. Впрочем тоа е случај и со проширувањето што сега е во тек. Така што не мислам дека хрватското напредување на каков и да е начин ги загрозува македонските шанси.