Достапни линкови

Поатрактивна бизнис клима во земјава


Македонската транзициона приказна трае веќе 15 години, владата конечно мора похрабро да влезе во некои процеси, да создаде поатрактивна бизнис клима и услови за динамична еконимија, оценува новиот министер Стевче Јакимовски, кој за себе вели ја прифатив функцијата зашто сум човек кој не се плаши да влезе во ризици, а и Владата отвора простор за похрабра политика во овој сектор.

Оттаму приоритетите во економската сфера Јакимовски ги гледа во нашата сериозна промоција кон странските инвеститори:

„Она што значи олеснување на процедури, она што значи продатоци за странските инвестотори да се обидеме тие податоци да ги имаме на едно место. Буквално ги шетаме по керамиди.“

Нема привлекување на странски и активирање на домашните инвеститори ако Владата сериозни не ја намали корупцијата и бирократијата во министерствата, не се справи со сивата економија, една од алките и шверцот со цигари, вели Јакимовски:

„Зоната Бунарџик дава голема можност. Доколку постојат странски инвеститори таа ќе се продава на нив, доколку не ќе се користи за домашни инвеститори, ќе се обидеме максимално да ја промовираме. Дури мислам дека и бројката од 200 милиони долари и не е така голема, мислам дека ќе успееме и да ја надминеме затоа што имаме на располагање и продажба на големи системи како што е ЕСМ, ако успееме до тој дел да дојдеме, како и некои други претпријатија.“

Министерот за економија вели дека посебно внимание ке посвети на поддршката на малите и средни претпријатија, преку олсенување на можностите за нивното кредитирање и вопведување на инструменти на плакање во нивна корист, но и да се создадат услови за забрзан обрт на капиталот во фирмите.

„Државата мора да ги зголемува капиталните инвестиции во услови на отсуство на приватни инвестиции и исто така мислам дека враќањето на ДДВ-то на фирмите, зафаќаме значаен дел од нивните обртни средства и тој дел мора да оди побрзо.“

Приоритети на Јакимовски ке бидат и промоцијата на туризмот, трговијата, поттикнувањето на извозот и намалување на дефицитот во размената. Но, клучно е вели тој сепак, да се забрзаат и структурните реформи:

„Граѓаните бараат од државата многу, меѓутоа и ние бараме од граѓаните. Мора да сфатиме дека некои процеси ќе бидат и болни, некои фирми ќе бидат и затворени. Некои луѓе ќе останат и без работа, но ќе се отворат и нови работни места. Само така можеме да создадеме една динамична економија во која што ќе има и отпуштање и вработување и сето она што ќе биде отпуштено ќе има шанса да најде работа.“
XS
SM
MD
LG