Достапни линкови

Најголема закана за светскиот мир од Израел, САД, Иран и Северна Кореа


Европејците, според најновото испитување на јавното мислење, како најголема закана за светскиот мир го гледаат Израел. По него следуваат Соединетите Американски Држави, Иран и Северна Кореа. Официјален Вашингтон веднаш реагираше, велејќи дека она што го прави е последица од желбата за зачувување на стабилноста, мирот и слободата во светот.

Во анкетата спроведена во минатиот месец дури пеесет и девет насто од граѓаните кои живеат во земјите на Европската Унија, го сметаат Израел за најголема закана на мирот во светот. Соединетите Држави, Иран и Северна Кореа го зазедоа второто место со пеесет и три проценти секоја. По нив следуваат Сирија и Либија, земји кои Вашингтон ги обвинува дека им даваат засолниште на терористите. Кина, Русија и Индија се во групата со триесет проценти како закана на светискиот мир. Герасимос Томас, портпарол на Европската комисија вели дека Брисел нема официјален коментар на овие резултати кои на извесен начин покажуваат дека расте антисемитизмот во Унијата. Но, Томас додава дека резултатите би можело да имаат извесно влијание врз европската политика на Блискиот Исток.

„Овие резултати се тука. Тие се земени за она што треба. Тоа се анкети и секако нашата политика зема предвид многу фактори. Сигурен сум дека како што се развива нашата политика, вие ќе видите оти таа смета и на вакви информации.“

Некои изралески весници реагираа дека последното испитување на јавното мислење покажува оти Европската Унија не е неутрален учесник во Блискоисточниот мировен процес и затоа треба да биде исклучена од четворката која го предложи патот на мапата за мир во регионот. Во оваа четворка се уште Соединетите Држави, Обединетите Нации и Русија. Најголема недоверба во Израел постои во Холандија, Австрија, Луксембург и Германија. Интерсен е податокот дека во Грција владее најголемо антиамериканско расположение. Имено, осумдесет и осум проценти од грците изјавиле дека најголема закана за светскиот мир се Соединетите Држави. Со нешто помал процент на исто мислење се и граѓаните на американските традиционални сојузници Холандија, Шпанија и Британија. Слични се резултатите и во врска со развојот на ситуацијата во Ирак. Нешто повеќе од две третини од европејците мислат дека воената интервенција врз Ирак не е оправдана, но исто така половината од нив сакаат нивните земји финансиски да помогнат во ирачката реконструкција.
XS
SM
MD
LG