Достапни линкови

Ѓунер Исмаил, надворешен член на Советот за безбедност. Фрлена ракавица в лице на државата и меѓународната заедница


Господине Исмаил, член сте на Советот за безбедност, се најавува нова седница. По бомбите низ Скопје, киднапирањето, гранатирањето караула што мислите вие колку е драматична ситуацијата?

Па, добро сега, контектстот драматика се разбира, ако го усвоиме дека е драматично, не е нов, со оглед на тоа што кога ги гледаме состојбите во Македонија не можеме да ги гледаме сами по себе, туку да ги гледаме во контекст на целиот регион. После она убиство во српското село Гораждевац и некои претходни настани во Јужна Србија, заклучно со резолуцијата на српското собрание, очигледно е дека во регионот имаме една нагорна линија на вжештување и во таа смисла треба да се реагира благовремено и треба да се редефинираат некои позиции во однос на безбедносната политика за да не ни се случуваат работи коишто може да внесуваат вознемирување кај граѓанството или не дај боже влошување или ескалирање на некои состојби.

Неблагодарно е да се критикува или да се оценува операцијата која се спроведува, но во јавноста постои доза на застрашеност. Зошто ако се работи за мали вооружени групи кои често се опишуваат во деминутив, како е можно тие толку тешко да се неутрализираат?

Сега, јас не би се впуштал во терминолошко сиптивитети, со оглед на тоа што тие мали, не знам какви, групички изведуваат акции, коишто недолжните граѓани ги вознемируваат. Се разбира, овие се многу чудни криминалци, кои имаат многу јасен и писмен политички ракопис. Во овој случај, конретно пред некој ден во Скопје, па така што теоријата за малите криминални групи по малку е застанува на климави нозе, и на одреден начин е смешна. Ние имаме проблем со безбедноста. Нашата безбедност ја загрозуваат одредени поединци и одредени групи, чијашто мотивација понекогаш можеме, понекогаш не можеме да ја идентификуваме. Чија што цел на Балканот никогаш да не настане мир, односно Балканот да биде едно трусно подрачје и тука не верувам дека има некој што мисли поинаку. Без разлика, дали тие еден ден фрлаат бомба на македонските судови или на некаква македонска институција, а следниот ден крадат или се занимаваат со криминална активност. Па, на крајот на краиштата докажано е дека во изминатите десет години и повеќе политиката и криминалот никогаш не одеа одвоено.

Како што велите, случувањата во Македонија се регионално условени, во таа смисла што можеме да очекуваме во иднина?

Па, гледајте, на Македонија ќе и се случуваат многу работи. Без разлика, јас не минимизирам една бомба којашто направила кратер од 70 сантиметри или којашто скршила два прозорци во судот, ова зборува прво дека акцијата од пред некој ден во Скопје е изведена синхронизирано, врз три симболи на нашата државност итн, покажува една јасна очигледна дрскости и очигледна порака за тоа дека оние коишто не се луѓе со добра волја и оние коишто немаат намера на Балканот да придонесуваат за мирот, на македонската држава и меѓународната заедница и фрлаат ракавица в лице и и укажуваат дека овдека ние ќе правиме се и можеме да правиме се и еве ви го доказот дека можеме да изведема, во рок од пет – десет или дваесет минути една ваква синхронизирана предупредувачка акција.

Господине Исмаил, ако ракавицата е фрлена не само на македонските власти, туку и на меѓународниот фактор, каква е неговата улога? Колку меѓународната заедница е одговорна, да не кажам виновна за она што ни се случува и што според вас треба да прави?

Улогата на меѓународниот фактор, кога станува збор за Македонија и нејзината безбедност е исклучително голема. Ние се наоѓаме во еден период, кога еве веќе деценија и нешто, а можеби и уште некоја деценија ќе се воспоставува новата архитектура на светот. Оние коишто во Македонија на одреден начин се инволвираат со миротворни дури активности, не само со активности за коишто некогаш сме склони да ги обвинуваме, едноставно сносат голема одговорност за позицијата на Македонија и воопшто за безбедноста во регинот. Јас многу пати сум рекол и сега пак ќе повторам, едноставно држењето на Македонија во некаква неизвесна чекална, по однос на нејзиниот формален политички статус, поточно тука мислам на проблемот со името. Држењето на Македонија во чекалните на некои евро интеграции со поставување на стотици бесмислени услови е простор во којшто утрчуваат луѓе коишто немаат добри намери и оваа расклимана ситуација дополнително ја расклимуваат. Таквата трусна позиција ги разорува било кои позитивни напори на било која македонска влада или на било која македонско водство. На крајот на краиштата, држењето на Македонија надвор, односно во предворјето на НАТО, конкретно зборувам за НАТО интеграцијата, исклучително многу ги охрабрува сите оние коишто Балканот сакаат да го држат на позицијата на буре барут. Сведоци сме на тоа дека Македонија долго време, од времето на самостојноста се држи во ваква или онаква привремена ситуација, со некакво привремено име, со некаква привремена позивија во однос на интеграциите на НАТО и во однос на интеграциите во ЕУ. Кон Македонија сеуште се некои услови коишто таа мора да ги исполнува секојдневно, што на оваа држава меѓу другото, се разбира и ги врзуваат на одреден начин рацете и нозете, и државните механизми и политичките елити коишто управувале или управуваат ги ставаат во позиција постојано да бидат во трчање по некакви поволни или добри оценки од страна на меѓународната заедница. Таквата привременост, таквото непостоење на цврсто решение за тоа каде е Македонија и каде ќе се наоѓа Македонија им овозможува на овие други заинтересирани за немири во регинот, или заинтересирани за прекројување на границите, на териториите, да имаат двојни, тројни или подземни агенди и да го предизвикуваат она што во крајна инстанца го викаме немирен Балкан, или Балкан како буре барут. Според тоа, единственото решение, брзо решение, решение од кое што ќе излезе просперитет не само за иднината на Македонија, и за регионит е итно зачленување на Македонија во НАТО, со што ќе се стави точка на сите оние фантазии на сите оние коишто за Македонија сеуште имаат резервни решенија,

Во меѓувреме кои се нашите приоритети? Кои се нашите ургентни задачи, освен се разбира акција на теренот?

Освен акцијата на терен во Македонија ни следат уште многу работи, пред се имаме парадоксална ситуација, скоро година дена после изборите, а две години од завршувањето на воената криза, односно склучувањето на рамковниот договор, нашата јавност, нашите граѓани и воопшто во атмосферата сеуште недостига одговорот што нам ни се случи во таа година и што нам ни се случуваше во владеењето на претходната власт. Тие одговори, недавањето на такви одговори, остава простор за многу шпекулации, за фантазирање и остава простори за изведување на оној заклучок којшто ни е најприфатлив, дека овдека мир нема да има и дека нешто и да се смири и да се направи голем исчекот како што е рамковниот договор, тоа пак ќе се растерсува и дека тука пак нешто ќе се предизвикува. Политичките елити коишто сега владеат со оваа земја не оставија ускратени без одговор на прашањето што точно се случи. Второ, ние бевме сведоци на една експанзија на корупцијата, експанзија на криминалот, угнезден во канцелариите на власта, а во таа насока новата власт, без разлика на подвоеноста на извршната, судската и законодавната власт, новата власт, сепак, ние власта така ја доживува секој нормален граѓанин, не даде одговор, освен неколку спектакуларни, меѓутоа многу краткорочни потези, од типот ќе го судиме Амди Бајрам, ќе го држиме оној во затвор толку време и на крајот кога тоа нема да резултира ќе ги обвиниме обвинителствата, судовите и слично.
XS
SM
MD
LG