Достапни линкови

Продолжувањето на дијалогот на цивилизации


Продолжувањето на дијалогот на цивилизации, идеја промовирана пред три години од УНЕСКО, со регионална средба на првите луѓе од Југоисточна европа, не случајно се случува во Охрид, оценува еден од учесниците професор Ферид Мухиќ:

„Македонија е извонредно добро одбрано место. Таа може да понуди многу долга и богата традиција на дијалог, нејзината културна подлога е исткаена од неверојатно многу разновидни и богати жици на мултикултуралност, на мултирелигиозност, на мултитрадиџионални пристапи и матрици кои го создаваат можеби најживописното и едно од најцврстите културни скалила. Од друга страна, политичките состојби во Македонија, нејзината ориентација денес, потребата од регионална интеграција, апсолутно сугерираат посистематско обмислување на дијалогот како форма во која несомнено светот ќе мора да најде многу повеќе отколку што наоѓа сега“

Дводневната конференција се одржува на иницијатива на македонскиот председател Трајковски кој заедно со УНЕСКО и фондацијата апел на Совеста е покровител на собирот. Според најавите во македонија во ове два дена ќе престојуваат председателите на Хрвтаска,Унгарија, Албанија Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Словенија шефот на УНМНИК на Косово, високи предтавници на владите на балканските земји и угледни интелектуалци и бизнисмени кои ќе разговараат за потребата од дијалог наспроти тендензиите на судири и примена на сила кои не се карактеристични само за Балканот.

„Секаде во светот – не само во балканските, туку и во водечките земји – гледаме дека практиката не е дијалог, дека доминантна практика е просто употребата на најсоголена војничка надмоќ или на некаква друга економска и политичка привилегија која просто ултимативно се наметнува, а тоа сигурно не е дијалог. Околу тие и такви теми исто така Македонија како земја која спаѓа во редот на помалите земји и која технички не може да примени сила и до толку е насочена кон потребата од афирмација на дијалогот. Ќе биде многу добра прилика да се слушне и зборот на оние земји кои својата иднина не можат да ја најдат во ништо друго освен во дијалогот“

вели Мухиќ.
XS
SM
MD
LG