Достапни линкови

Придонес за дополнително стабилизирање на состојбата


Преминот Танушевци - Дебелде, ќе работи сезонски, осум месеци во годината. Од април до крајот на ноември. А жителите на Танушевци, Брест и Гошинце границата ќе може да ја поминуваат само дење, од изгревот до залезот на сонцето, ова е решението со кое не се согласуваат мештаните од овие погранични села. За нив неприфатливо е и местото каде е поставен преминот. Џезаир Шакири пратеник од овој регион вели:

„Таму кај што сакаат селаните меѓу селата Танушевци и Дебелде даличината изнесува еден километар, патот е добар, но македонската влада и УНМИК решија преминот да го постават кај месноста Кодра Фура, што им го одалечува патот на жителите од едната и другат страна на границата за 5 километри, и затоа тие не се задоволни со ова решение,“

изјави Џезаир Шакири. Од друга страна владиниот портпарол Сашо Чолаковски со став:

И од македонска страна и од Цивилната управа на ОН на Косово, нагласуваат дека отворањето на овој привремен граничен премин ќе придонесе за дополнително стабилизирање и релаксирање на безбедносната состојба и ќе ја олесни прекуграничната комуникација на жителите од двете страни на границата.

„Ова е акт за олеснување кој е напаравен за доброто на луѓето од тие региони, што значуи олеснување на економските активности на населението И можност тоа непречено да ја работи својата земја. Но луѓето тоа го сфатија како легализација, односно демаркација на граничната линија што всушност не е така. Се работи за мала група луѓе кои се одговорни за протестите И тие нема да не спречат да го отвориме овој граничен премин,“

изјави за Радио Слободна Европа портпаролот на УНМИК Синг Мираж.
XS
SM
MD
LG