Достапни линкови

Можност за засилување на радикалите


Соединетите Држави ја засилуваат непријателската реторика против Иран обвинувајќи ја таа земја дека е еден од главите спонзори на тероризмот. Меѓутоа експертите предупредуваат- таквиот пристап може само да ги засили радикалите во Техеран.

Вашингтон го обвинува Иран дека сака да развие нуклерано оружје, и оти ги засолнува клучните лидери на Ал каеда. Техеран е означен како една од оските на злото во говорот на американскиот председател Буш заедно со Ирак и Северна Кореја и се чини дека во американската администрација расте верувањето дека против Иран треба да бидат преземени мерки. Дебатата се води меѓу мислењето : за мерки кои би го смениле однесувањето на владата во Иран или за мерки кои едноставно би го смениле режимот. Професорот на женевскиот институт за меѓународни студии Мохамед реза Дјалили вели:

„Постојат две спротивставени тенденции во Вашингтон во врска со Иран. Едната од нив можеме да ја лоцираме во Стејт Департментот и кај Колин пауел. Таа се залага за воспоставување некаков вид дијалог со Техеран. Другата струја се залага за притисок врз Иран. Неа ја подржува министерот за одбрана Доналд Рамсфел и се чини дека таа во последно време се повеќе добива на сила,“

Засилувањето на агресивниот пристап е последица на разузнавачките извештаи во кои се тврди дека Иран ги засолнуа водечките луѓе на Ал каеда. Тоа го вели и американскиот министер за одбрана Рамсфелд

„Анализата би им ја оставил на другите, но од фактичка гледна точка нема сомневање дека имало и сеуште има високи представници на Ал каеда во Иран и тие се прилично зафатени со работа.“

Непријателската реторика и обвинувањата се добредојдени за тврдата стуја во Техеран. Благодарение на агресивноста што ја изразува Вашингтон радикалите успеваат да ги дискредитираат реформски насторените политичари кои тврдат дека односите со Соединетите Држави треба да се подобрат смета аналитичарот Али Ансари од британскиот универзитет Дурхам.

„Ваквата реторика е идеална за тврдата стуја затоа што им дава аргументи за потребата од вонредна состојба, единство и забрана за слободата на говорот и изразувањето,“

Ансари вели: Вашингтон би морал внимателно да прави разлика меѓу режимот и народот на Иран.

„Доколку тоа не го сторат, а во моментов се чини дека не го прават тогаш ќе се соочат со тоа дека токму тие станаа факторот што ги обедини луѓето во Иран.“

И покрај ваквата опасност во следниов период притисокот врз Иран ќе се зголемува, сметаат аналитичарите на американската надворешна политика.
XS
SM
MD
LG