Достапни линкови

Жената сеуште без основните права


И покрај очигледното подобрување на статусот на жената во Македонија на прагот на 21 век, во некои области на државата нерамноправноста меѓу половите сеуште опстојува. Во битолските села Острец, Лажец, Могила кои се сметаат за рурални средини, жената сеуште живее под патронат на мажот. Има исклучоци, но поголемиот дел женски лица се невработени домаќинки, кои се грижат за куќата, стоката и нивата.

„До вечер на нива, низ куќа, низ двор. Работа, копам, чистам, правам, навечер
ќе си дојдам уморна ќе легнам. Каде е, каде оди, не знам, на кооперација со соседите.“

„Кога одиме на прослави, мажите се собираат на една страна, си разговараат за политики ваму – таму, жените на страна. И политиката си е машка работа, ние што ќе им се мешаме во политиката на мажите.“


Правата на овие жени се дел од фундаменталните слободи и човекови права. Покрај социјалната и економска загрозеност, загрижува нивната политичка индолентност. Политичката култура не се менува со декларации, туку со долготраен процес на социјализација низ кој се гради свест за поинаков женски профил од домаќинскиот, сметаат социолозите. Регионалното женско лоби пак, офоримено од 11 невладини организации од Битола и Ресен го реализира проектот „Да чекориме заедно до целта“. Истиот овозожува едукација на жената за рамноправност со мажот во сите сфери на општественото живеење.

„Проектирање, односно, лобирање во осум селски општини на територијата на Битола, односно во 33 села каде живеат над осум илјади жени,“

истакнува Маца Димики од регионалното женско лоби.
XS
SM
MD
LG