Достапни линкови

Посветеност на САД за народите во регионот


Американскиот државен секретар за одбрана Доналд Рамсфелд денеска пристигна во Абу Даби започнувајки ја својата турнеја на земјите на Персискиот залив и американските трупи стационирани во овие држави. Поради безбедносни прилчини преходно не беше соопштен распоредот на земјите кои тој ќе ги посети. Рамсфелд инаку на новинарите им изјави прво ке отпатува за Авганистан и оти американските војници ќе останат во оваа земја и во Ирак се додека тие не воспсотават демократски и стабилни влади.

„Да подвлечам дека и во Авганистан и во Ирак ние чувствуваме посветеност кон народите таму. Имаме намера да останеме и да работиме со меѓународната заедница за да им помогнеме во транзицијата од автократскиот репресивен систем кон демократскиот и преставнички систем.“

Рамсфелд додаде дека верува оти тоа преставува долга, опасна и тешка работа и во двете земји. Американскиот секретар за одбрана со земјите на Персискиот залив с ке разговара за актуелната ситуација и идното распоредувања и промени на американските сили во регионот.
XS
SM
MD
LG