Достапни линкови

Луис Морено Окампо главен обвинител


Првиот постојан Меѓународен кривичен суд го избра борбениот аргентински адвокат Луис Морено Окампо за главен обвинител. Тој на таа функција, како што е предвидено, ќе има широки надлежности во рамките на Судот.

Ефикасноста на постојаниот Меѓународен кривичен суд ќе се мери не според бројот на судењата, туку според нивното одсуство. Тоа ќе покаже дали националните судови на земјите кои го поддржуваат Меѓународниот суд ја работат својата работа. Ова по наименувањето го оцени Луис Морено Окампо шеф на тимот обвинители на новоформираниот меѓународен трибунал за воени злосторства. Според статутот, овој суд ќе може да реагира само доколку земјите што го поддржуваат - одбијат или не се во можност да ја извршат нивната одговорност во судењата за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото. Именувањето главен обвинител, според Луиз Досвалд Бек, од Меѓународната комисија на судии во Женева, е од клучно значење за постојаниот суд:

„Да, секако. Тоа е крајно важен чекор. Формирањето на канцеларијата на обвинителот кој може да покренува истраги е многу важно.“

Пеесет годишниот Морено Окампо кој на таа функција ќе биде девет години е специјалист по човекови права и по кривично право и е познат по тоа што пред суд ги извел членовите на поранешната воена хунта во Аргентина. Како адвокат бранеше многубројни контроверзни личности, меѓу кои и најпознатиот аргентински фудбалер Диего Марадона. Како главен обвинител на постојаниот суд ќе има целосна независност од судиите да покренува истраги против поединци осмничени за воени злосторства но направени по јули две илјади и втора година односно откако стапи во сила Статутот на судот.

„Ограничување на Меѓународниот кривичен суд е тоа што ќе може да се суди само за злосторства направени по Први две илјади и втора година.“

Вели Исак Флатау од сојузот на кривичниот суд. Тоа, според него, значи дека например ирачкиот лидер Садам Хусеин и неговиот режим не ќе треба да одговораат пред постојаниот суд. Инаку, како што е познато, Соединетите Држави, под претседателство на Бил Клинтон беа едните од потписниците за формирање на овој суд, но потписот беше повлечен од актуелниот претседател Џорџ Буш поради страхувањето дека би можело да им биде судено на многу американски официјални лица.
ж
XS
SM
MD
LG