Достапни линкови

Барање за донесување на закон за загубари и рестартирање на овие фирми


Излеговме на улица не дека сакавме, туку дека моравме. Денеска протестираме само ние, вработените во фирмите загубари. Останатите членови на синдикатот сметаат дека има и други начини за решавање на барањата, или може не им гори под нозете како на нас, гласно размислуваат луѓето кои со години живеат на работ на егзистенцијата.

„Нашите барања се реални и остварливи. Ние не одиме од добро да правиме проблем од тоа што ни е тоа многу рекреативно. Ние одиме да штрајкуваме затоа што ни виновни, ни должни ни страдаат децата, а ние со нив заедно“.

Социјалниот договор владата упорно не го почитува, не го донесува законот за загубарите, се обидува да ги редуцира исплатите на социјалната помош. Рестартирањето на фабриките стана мисловна именка.

„Сојузот на синдикатите со владата потпиша социјален договор. За жал, таа работа оди многу споро“

“Се продава фабрика, како објект, без право на вработените“

„Излегуваме на штрајк бидејќи не најдовме разбирање од владите да одржи барем нешто од фирмите загубари“


А, сите овие луѓе живеат кој како ќе се снајде. Секој од нив е приказна за себе. Добар дел од нив не сакаат да ја откријат својата животна сторија:

„Јас сум веќе година и пол во Заводот за вработување. Ми заврши надоместокот што го примам од Заводот се снаоѓам работејќи на црно“

„Јас тоа не би можел да им го објаснам на други. Тоа можат да го разберат само тие кои се во иста положба како мене. Никому не би му го посакал тоа: да работи 15, 20 и повеќе години и после тоа, без своја вина, да се најдеш на Бирото за вработување“

„Јас ги повикувам господата од власта да живеат со нашите примања барем два месеца и да видат како ќе се чувствуваат нивните семејства со таквите примања“
XS
SM
MD
LG