Достапни линкови

На Македонија и е потребен правен акт за соработка со Хашкиот Трибунал


На Македонија и е потребен правен акт за соработка со Хашкиот Трибунал велат експертите.

„Дали тоа ќе се вика закон или подзаконски акти, сепак треба да се утврдат правила за комуникација со Хашкиот трибунал, затоа што првичните искуства покажуваат дека навистина се работи за материја за која навистина ќе мора да постојат правила на играта, кои што ќе важат за обете страни во целиот овој процес на соработка. Се поедноставува ситуацијата околу собирањето на доказите, водењето на постапката, и воопшто на соработката меѓу Хашкиот триобунал и соодветната држава“.

смета професорот Никола Тупанчески од правниот факултет . Потребата од донесување закон за соработка со Трибуналот ја укажува и пофесорот Владо Камовски кој вели

„Во отсуство на таков закон останува и прашањето на правни лекови, кое е едно начело воопшто во казнената постапка. Против секое решение постои право на жалба“.

Споровите кои се појавуваат во врска со законот за амнестија би се решиле токму со донесување закон за соработа со Хашкиот Трибунал е ставот на специјалниот прествник на ЕУ во Македонија Алекис Брунс:

„Еден од можните начини за излез од сегашните проблеми е донесувањето на закон за соработка со трибуналот“.

Македонија не би сносела никакви негативни консеквенции со деонесување на таков закон е ставот на професорот Тупанцевски.

„Токму затоа, за да нема недоверба меѓу едните и другите, според мене треба подетално да се одреди соработката меѓу државата и Хашкиот трибунал, затоа што навистина во моментов има правна празнина и некои работи може, дури и од небрежност, затоа што не се покриени со нормативи, да бидат погрешно протолкувани“.
XS
SM
MD
LG