Достапни линкови

Кривична пријава за Хари Костов


„Лавовите“ незадоволни од спроведувањето на договорот со МВР во врска со нивниот статус. На денешната прес конференција нивните претставници Тони Михајловски и Марјан Марковски изјавија дека во единицата нема припадници кои направиле тешки кривични дела

„Сакаме да најавиме дека ќе поднесеме кривична пријава против министерот за нарушувањето на човечките права. Да му скратиш храна некому е навистина срамота и ако не е способен треба да си оди,“

изјави Марковски. Портпаролот на единицата Тони Михајловски појаснува:

„Она што се пласираше како онформација во медиумите е ординарна дезинформација, дека од 1000 припадници на „Лавоите“ 850 имаа криминални досиеја.“

Марковски пак, додава:

„Тешки криминални досиеја нема. Јас тврдам одговорно. Бараме амнестија, од формирање на единицата и до затворање на единицата, сеуште не е затворена единицата. Тоа треба да му е јасно на секого и ќе постои се дотогаш додека не се исполнат нашите барања и договореното. Што се договорија со премиерот и претседателот. Ако им пречи името „Лавови“, нека се викаме „Влавови“.
XS
SM
MD
LG