Достапни линкови

Илија Филиповски, министер за економија. До сега, 150 милиони долари штета од Договорот за ОКТА


Контроверзниот договор со ОКТА кои и ден денес останува енигма за јавноста се најде во фокусот на интересирањето на новата влада пред се поради штетите што ги трпи Македонија?

Нашите проценки се врз основа на тоа што работи една работна група во министерството за економија, заедно со штетите кои можат да бидат предизвикани со судскиот спор кој е завршен во Англија меѓу Мамидакис и ОКТА, значи штетите може да бидат за овој период, до сега зборувам, околу 150 милиони долари на штета на Македонија. Договорот е направен колонизаторски, јас мислам дека, и тоа се консултирав со повеќе правни лица, професори по меѓународно право, тие тврдат дека таков договор во последните 50 години според нивните сознанија никаде не е потпишан. Значи, грчката страна се има обезбедено за секој дел од договорот.

Што се презема владата, поконкретно министерството за економија, за надминување на проблемите што ги предизвикува примената на договорот?

Јас не сакам да се обесхрабрувам себе си. Мора да се знае реалноста, дека договорот е многу тежок, многу лош, направен за македонската страна. Но, ние покренуваме одредени активности. Сакаме и ЕУ, комисијата на ЕУ да ја ставиме во позиција да помогне на иницијативата на Македонија за одредени промени во билатералниот договор меѓу Македонија и Грција. Веќе мислам дека се упатени и писма до европската комисија, второ да ни дадат исто така и правна помош за решавање на дел од проблемите, кои се во договорот. И се надевам дека заедно наши експерти, со експери надворешни, дека ќе успееме се разбира и во договор со ОКТА, тоа е македонска компанија, ние ќе мора да седнеме да разговараме. Битно е да ги поставиме основите како ќе го водиме тој дел на дијалог.
XS
SM
MD
LG