Достапни линкови

Победа на Републиканците


Републиканската партија на американскиот претседател Џорџ Буш, според резулататите од вчерашните конгресни избори, ја презеде контролата врз Сенатот и го зачува мнозинството во Претставничкиот дом. Претседавачот на Демократската партија Тери Меколиф изјави дека победата на републиканците е резултат на популарноста на Буш во американската јавност поради војната против тероризмот и неговиот цврст став во врска со Ирак. Американците гласаа за сите 435 членови на претставничкиот дом, за 34 од стоте членови на Сенатот и за 36 од пеесете гувернери.

„Сакам да им се заблагадорам на мајка ми и татко ми кои ми се инспирација во животот и на нашиот голем претседател затоа што дојде тука и му даде поддршка на својот помал брат.“

изјави Џеб Буш, објавувајќи го својот повторен избор за гувернер на Флорида. Успехот на републиканците претставува и победа на историските трендови на делумните американски избори што се одржуваат на секои две години. Имено, партијата од која е американскиот претседател најчесто ги губела првите делумни избори. Победата на републиканците е трет исклучок на ваквото непишано правило во изминативе сто години. Претходно, тоа им успеа на Френклин Рузвелт во 1934 година и на Бил Клинтон во 1998 – та.
XS
SM
MD
LG