Достапни линкови

Акцент на економската соработка


Украина, и особено нејзиниот претседател Леонид Кучма и дадоа полна поддршка на Република Македонија во зачувувањето на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет. Таа поддршка манифесторана на многу конкретен начин придонесе Македонија успешно да се справи со заканите од времето на кризата, оцени претседателот Трајковски. Но, сепак на овие разговори, во рамките на дводневната посета на украинскиот претседател на Македонија доминираа економски прашања.

„Со овој разговор, даваме нова димензија во односите на нашите две држави, особено на економски план. Не како што до сега, за жал некои мислеа дека Украина и Република Македонија само разговараат или основна тема е воено-техничка соработка или само на политички план.“

Постоечкиот договор за слободна трговија ја дава потребната рамка.

„Сега останува на бизнисмените поактивно да земат збор,“

рече Трајковски.

Украина од своја страна најавува:

„Јас реков дека украинската страна задолжително ќе учествува во проектите за гасификација на Република Македонија, првите чекори се направени и ние и натаму ќе дејствуваме,“

изјави претседателот на Украина Леонид Кучма.

Соработката се гледа и во насока на евро-арлатските интеграции.

„Постојат многу можности и простор за размена на искуства и се надевам дека ова ќе биде основа на односите и соработката меѓу нашите две држави.“

Дијалогот меѓу Македонија и Украина и околу снабдувањето со оружје во времето на кризата секогаш бил во согласност со НАТО:

„Кога беше заострувањето на ситуацијата во Македонија, ние со претседателот секогаш го консултиравме НАТО во однос на нашите активности и вклучувајќи ги оние проблеми околу снабдувањето со оружје,“
рече претседателот на Украина.
XS
SM
MD
LG