Достапни линкови

ДУИ ќе има двајца претставници во советот за безбедност


ДУИ во националниот Совет за Безбедност ќе ја преставуваат двајца нејзини преставници, ова е договорено со мандатарот Црвенковки за време на прговорите за состав на новиот владин кабинет.

„Со партијата што е мандатар за состав на новата влада се договоривме во Советот за безбедност да учествуваат двајца преставници на ДУИ и тоа вицепремиерот и координатот на пратенчката група,“

изјави за Радио Слободна Европа генералниот секретар на ДУИ, Муса Џафери.

Според ова член на Советот покрај Џафери кој ќе ја врши функцијата вицепремиер ќе биде и кординаторот на пратеничката група Агрон Буџаку.

Од кабинетот на претседателот Борис Трајкоки велат ние не сме информирани за таков договор меѓу новите коалициски партнери СДСМ и ДУИ, но

„Претседателот според своите уставни надлежности има право да именува тројца членови на Советот за безбедност. Според досегашната пракса, се именувани етнички Албанци кои учествувале во работата на Советот за безбедност и обично тоа биле луѓе кои учествувале во извршната власт, или луѓе од партии кои ја добиле довербата во своето гласачко тело, или во случајов, од етнички албанската популација во Македонија. Согласно промените и новите амандмани внесени во Уставот со рамковниот договор, претседателот на Републиката при именувањето на тројцата членови треба да го обезбеди составот на Советот како целина соодветно да го одразува составот на населението во Република Македонија.“

изјави портпаролот на кабинетот на претседателот Борјан Јовановски.

Во СДСМ засега без коменатар за ваквите информации.
XS
SM
MD
LG