Достапни линкови

Претстојните избори имаат историско значење


Претстојните парламентарни избори во Македонија имаат историско значење, бидејќи се спроведуваат по минатогидишиот конфликт, оценија на прес конференција претставниците на заедничката предизборна мисија на Советот на Европа и ОБСЕ, Грос Шмут и Рита Зисмут.

Според нив доброто спроведување на изборите ќе придонесе кон стабилноста на земјава, но и во регионот
Претставниците на овие две мегународни организации сметаат дека кампањата досега е мирна и конструктивна, но посочуваат дека некои соговорници изразиле општо чувство на несигурност во однос на изборниот процес

„Ние сме свесни за тензиите, но нашата улога овде е да набњудуваме и многу важно во овој мемент акцентот да се стави на одржување на мирни избори во земјава. Сите треба да се придржуваат до нормите по кои треба да спроведат изборите.“

рече Рита Зисмут шеф на предизборната мисија на на ОБСЕ.

Делегацијата е импресионирана од ефикасноста и професионализмот на Државната изборна комисија

„Ние сме малку загрижени со оглед на поплаките кои ги слушнавме од нашите соговорници дека е можно голем број од гласачите да не го искористат своето право на глас. Токму поради ова многу е важно ДИК да стави акцент на овој момент.“

Заедничката мисија ги повика сите политички партии да продолжат да работат во правец на конструктивни избори, а апелираше и до сите граѓани да го искористат правото на глас за изборите на 15 септември да бидат вистински израз на војлата на народот.
XS
SM
MD
LG