Достапни линкови

Почетно претставување и ветувања за нови вработувања


Почетното претставување на програмите и на ветувањата на политичките партии беше главна одлика на првата недела од предизборната кампања. Што им порачува на граѓаните во своите први настапи коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП

„Ги потсетаивме што оваа коалиција што е четири години на власт има направено минатиот период и што планира да направи,“

истакна Александар Пандов од изборниот штаб на коалицијата, додавајќи дека паралелно со т.н. централен карван во тек се и помали кампањи на носителите на изборните единици.

Заеднички именител на средбите со граѓаните на сите поголеми партии се ветувањата за отворање нови работни места.

„Директно ќе се креираат 65,000 работни места за младите луѓе, постарите луѓе кои останале без работа во спроведувањето на реформите,“

вели Никола Груевски носител во изборната единица број 1.

„Планираниот број вработувања не треба да биде поголем од 25 до 30 илјади годишно предвидува Ристо Пенов од ЛДП нагласувајќи оти отворањето нови работни места ќе биде главен критериум за оценување на работата, на како што рече, владата на коалицијата „За Македонија заедно“.

Потпретседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска вели дека целта на нивната кампања е граѓаните да добијат повеќе оптимизам, ентузијазам и да излезат од општата атмосфера на апатија и бесперспективност.

„Целта ни е пред се да ги убедиме граѓаните дека моќта се наоѓа во нивни раце, на 15-ти септември би сакале да видиме голем одзив на граѓаните бидејќи со тоа ќе покажат дека сеуште сметаат на подобра иднина и само на тој начин ќе ги спречат можните изборни фалсификати и неправилности.“

Нови вработувања, овојпат за албанскиот дел на населението ветува и лидерот на ДПА Арбен Џафери, кој на изборните настапи вели дека треба да се отворат околу 18,500 работни места за да се постогне рамноправна застапеност на Албанците во јавната администрација. Во ДПА се повеќе од задоволни од досегашните средби со граѓаните кои според нив биле извонредно посетени.

„Нудиме нова политичка платформа со целосна имплементација на охридскиот договор,“

вели Ернад Фејзулаху портпарол на партијата.

И во ПДП се задоволни од почетокот на кампањата што тие го посветиле на претставување на кандидатите и на политичката платформа

„Во која воглавно доминира пораката за стабилна, просперитетна Македонија во која се движиме во правец на спроведување на охридскиот договор и излез од кризата,“

изјави Насер Зибери шеф на изборниот штаб на ПДП.

Задоволство од до сега стореното и во ДУИ, нивниот главен слоган во кампањата е победници заедно со вас. Како што истакнува портпаролот на партијата Агрон Буџаку

„Со оваа порака сакаме да кажеме дека сите ќе победат, а нашето залагање е за заедничка Македонија.“

Во врска со насилството на изборите Буџаку вели дека за сега имало само помали инциденти, но и дека неговата заедно со сите други партии и со меѓународната заедница ќе работи на тоа да има што помалку такви случувања што е во согласност со потпишаните кодекси за фер однос.

На крајот како позитивен пример од почетокот на изборната трка може да се спомне и џетлменскиот договор меѓу двете најголеми коалиции за отстапување на терминот на некој предизборен митинг во случај на нивно поклопување.
XS
SM
MD
LG