Достапни линкови

Сите спорови ќе се решаваат со преговори


Претседателите на Југославија и Хрватска Коштуница и Месиќ и членовите на колективното босанско претседателство на самитот во Сараево потпишаа заедничка изјава во која се истакнува дека напредокот во полна мерка може да се оствари само со вклучување на овие три држави во Обединета Европа. Лидерите на трите држави изразија цврста определба дека процесот на нормализација на односите зависи не само од добро-соседските односи туку и од резултатите на внатрешната демократизација и прифаќањето на европските стандарди, се наведува текстот на заедничката изјава.
Членот на босанското претседателство Бериз Белкиќ изави дека дека Босна ги повикува соседите да не го подржуваат делењето на институциите на системот.

„На Босна и треба унифициран систем.“

рече Белкиќ на самитот во Сараево е договорено сите спорни прашања да се решаваат со преговори и договори, а посебна важност е посветена на спороведувањето на Дејтонскиот договор и соработката со Хашкиот трибунал за да се овозможи индивидуалната а да се отфрли колективната одговорност.

„Нашата лојалност кон дејтонскиот договор е потврдена,“

изјави југословенскиот претседател Воислав Коштуница. Босна, Југославија, и Хрватска се заложија за создавање услови за враќање на бегалците, за подршка на регионалната соработка, за регионална контрола на вооружувањето и намалување на воените ефективи. Хрватскиот претседател Стипе Месиќ.

„Ние мора да го либерализираме визниот режим за подобар проток на капиталот и луѓето низ границите кои треба да бидат по отворени.“


Трите држави со потписот на нивните лидери се обврзаа на соработка во сузбивањето на меѓународниот тероризам, како и организираниот и пограничниот криминал. На прес конференцијата по потпишувањето на заедничката изјава Коштуница, Месиќ и Белкиќ изразија задоволство, сметајки дека таа ќе ги одведе во обединета Европа. Најавени се слични средби и во Белград и Загреб. Сараевската средба е поздравена од меѓународната заедница. Високиот претставник на Европската унија Хавиер Солана во соопштението издадено во Брисел нагласува дека само по себе симбликата на самитот е огромна, бидејки е прва Босанско-Југословенско – Хрватска средба одржана во Сараево.
XS
SM
MD
LG