Достапни линкови

Сумирање на оствареното и утврдување на идни активности


Највисокиот состанок што се одржува еднаш годишно наизменично во Брисел и во Скопје каде што практично се сумираат сите резултати постигнати во периодот меѓу два состанока на Советот за соработка. Ова е етаблирано врз основа на спогодбата за соработка на македонија од 98-година И ги покрива сите ингеренции односно надлежности на времената спогодба која е потпишана И влезе во сила лани. Политичкото ниво на комитетот за евроатнтланска интеграција е во рацете на премиерот, а работниот комитет го председава вицепермиерот Крстевски. Тој е И копредседавача и на овој состанок. Рејхард прибе диерктор за Западен балкан во Европската Комисија. Работен карактер, и освен отворањето другиот дел е затворен.

Очекуваме дека резултатот од петтиот по ред состанок на Советот за соработка меѓу Македонија и Европската Унија ќе биде заедничка изјава во која ќе се констатира:

„Република Македонија, сепак успешно и во успешни услови какви што произлегоа од минатогодишната криза го остварува процесот на интеграција со ЕУ.“

изјави вицепремиерот Зоран Крствевски во пресрет на дводневната работна средба на Советот на која Европската Унија ја претставува директорот на Европската Комисија задолжен за регионот Рејхрад Прибе. Станува збор за состанок на кој практично се сумираат постигнатите резултати, но и се детектираат местата на идните активности на земјата на патот кон европската интеграција. Па така проценките се дека годинава главен акцент од аспект на Унијата за Македонија, според Крстевски ќе биде ставен:

„Кон подигањето на демократските форми на изјаснување на граѓаните преку слободни и фер демократски избори.“


Во меѓувреме Македонија ѓе информира:

„За спроведувањето на рамковниот договор, економските состојби и сите документи кои произлегуваат од Договорот за стабилизација и асоцијација. Македонија ќе реферира и за степенот на економските реформи, посебно за прашањето на договорите со ММФ, како и за прашањето за приближување на Македонија во Светската трговска организација. Ќе бидат разгледани и сите прашања кои се поврзани за билатералните трговски односи меѓу Република Македонија и земјите членки на ЕУ. Особено се осврнуваме на прашањето на реформа на јавната администрација, како и реформи на правосудниот систем. Ние ќе реферираме и за степенот на хармонизацијата на нашето внатрешно законодавство и ќе ги приложиме нашите документи поврзани со приближувањето на законодавството на Република Македонија со законодавтсвото на ЕУ.“
XS
SM
MD
LG