Достапни линкови

Не заборавајте ја маската: на училиште во пандемија

илустрација
илустрација

Десетици милиони ученици вчера се вратија на традиционалниот прв училиштен ден во многу земји. Нивните ранци како и обично беа натоварени со книги, но овој пат, многумина додадоа маски и средства за дезинфекција на рацете за да се заштитат од воскреснатиот коронавирус.

Места за дезинфекција, физичко растојание во училниците и скратено траење на часовите ќе станат нова нормалност откако земјите ширум светот бараат начини како децата да ги вратат безбедно на училиште.

Постои широко распространета загриженост дека собирањето во училиштата и канцелариите, во комбинација со сезоната на есенски грип, може да предизвика бран нови инфекции.

Некои организации на родители и наставници се спротивставија на плановите за повторно отворање на училиштата, бидејќи ширењето на вирусот се зголемува.

УНИЦЕФ: Третина од децата во светот немаат можност за онлајн учење

Има и родители кои велат дека тоа е почеток за враќање во нормалноста.

Школска година со многу непознати
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:50 0:00

„Добро е што се враќаат во вообичаената рутина“, рече еден родител, оставајќи ја својата ќерка во средно училиште северно од Париз.

На прашањето дали е загрижена за ширењето на вирусот во училиштата, таа вели: „Ништо повеќе од на пазар. Не можете да престанете да живеете, само треба да ги следите правилата“.

Земјите преземаат различни пристапи за да ја минимизираат заразата во училиштата.

Како беше на првиот училишен ден со ковид-19?

Наставник ги дезинфицира рацете на ученици од Киргистан на првиот час во Бишкек на 1 септември.
1/21 Наставник ги дезинфицира рацете на ученици од Киргистан на првиот час во Бишкек на 1 септември.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Киргистански ученици кои носат заштитни маски одржуваат растојание од 1,5 метри во нивното училиште во Бишкек на 1 септември.
2/21 Киргистански ученици кои носат заштитни маски одржуваат растојание од 1,5 метри во нивното училиште во Бишкек на 1 септември.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Девојче и момче носат маски за лице на првиот училишен ден во романско-француското теоретско средно училиште Георге Асачи во главниот град на Молдавија, Кишињев, на 1 септември.
3/21 Девојче и момче носат маски за лице на првиот училишен ден во романско-француското теоретско средно училиште Георге Асачи во главниот град на Молдавија, Кишињев, на 1 септември.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
На една ученичка температурата и е измерена на првиот ден од часовите во училиштето „Константиновска“ во Севастопол, Крим.
4/21 На една ученичка температурата и е измерена на првиот ден од часовите во училиштето „Константиновска“ во Севастопол, Крим.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Ученик од прво одделение sвони на училишно ѕвоно за време на церемонијата по повод почетокот на новата академска година во Гимназијата 23 во Минск на 1 септември.
5/21 Ученик од прво одделение sвони на училишно ѕвоно за време на церемонијата по повод почетокот на новата академска година во Гимназијата 23 во Минск на 1 септември.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Учениците кои носат маски за лице седат во училница за време на церемонијата на Денот на знаењето по повод почетокот на часовите во главниот град на Чеченија, Грозни, на 1 септември.
6/21 Учениците кои носат маски за лице седат во училница за време на церемонијата на Денот на знаењето по повод почетокот на часовите во главниот град на Чеченија, Грозни, на 1 септември.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Ученици од основните училишта носат маски за лице и одржуваат социјална дистанца на првиот училишен ден во Сараево на 1 септември.
7/21 Ученици од основните училишта носат маски за лице и одржуваат социјална дистанца на првиот училишен ден во Сараево на 1 септември.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Српски наставник во основно училиште се подготвува за враќање на учениците во главниот град Белград.
8/21 Српски наставник во основно училиште се подготвува за враќање на учениците во главниот град Белград.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Наставници подготвуваат училница за настава во Скопје на 1 септември. Владата донесе одлука за одложување на почетокот на учебната година поради моменталната состојба на пандемијата на ковид-19. Беше решено дека сите училишта ќе започнат на 1 октомври, а сè уште се води дебата за тоа како ќе се изведува наставата.
9/21 Наставници подготвуваат училница за настава во Скопје на 1 септември. Владата донесе одлука за одложување на почетокот на учебната година поради моменталната состојба на пандемијата на ковид-19. Беше решено дека сите училишта ќе започнат на 1 октомври, а сè уште се води дебата за тоа како ќе се изведува наставата.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Ученици држат растојание на час во Светската меѓународна школа во Торино на 1 септември. Пред официјалниот датум за почеток на 14 септември, италијанските училишта рано се отвараат за часови за прием на ученици кои заостанаа во наставата за време на пандемијата.
10/21 Ученици држат растојание на час во Светската меѓународна школа во Торино на 1 септември. Пред официјалниот датум за почеток на 14 септември, италијанските училишта рано се отвараат за часови за прием на ученици кои заостанаа во наставата за време на пандемијата.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Шестгодишната Тилда ја мести маската за лице пред да замине во основно училиште за прв пат по заклучувањето во Роденбах, Германија, на 18 август. Германските училишта се повторно отворени од почетокот на август, додека бројот на случаи со коронавирус кај помлади од 20 години годишниците остана стабилен.
11/21 Шестгодишната Тилда ја мести маската за лице пред да замине во основно училиште за прв пат по заклучувањето во Роденбах, Германија, на 18 август. Германските училишта се повторно отворени од почетокот на август, додека бројот на случаи со коронавирус кај помлади од 20 години годишниците остана стабилен.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Средношколци во Ница, Франција. Француските наставници и ученици на возраст од 11 до 18 години треба да носат маски за лице и во затворено и надвор.
12/21 Средношколци во Ница, Франција. Француските наставници и ученици на возраст од 11 до 18 години треба да носат маски за лице и во затворено и надвор.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Ученици во традиционална носија на 1 септември за првиот училишен ден во Казан, главниот град на руската република Татарстан.
13/21 Ученици во традиционална носија на 1 септември за првиот училишен ден во Казан, главниот град на руската република Татарстан.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Првиот училишен ден во Казан на 1 септември
14/21 Првиот училишен ден во Казан на 1 септември
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Traditional ceremonies at the start of the school year were canceled in Yekaterinburg, Russia. Schools throughout Russia are taking the body temperatures of students at entrances, mostly using forehead scanners, and have deployed antiseptic sprays and lamps for disinfection.
15/21 Traditional ceremonies at the start of the school year were canceled in Yekaterinburg, Russia. Schools throughout Russia are taking the body temperatures of students at entrances, mostly using forehead scanners, and have deployed antiseptic sprays and lamps for disinfection.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Ученици од прво одделение присуствуваат на церемонијата по повод почетокот на новата академска година во училиштето број 218 во Новосибирск на 1 септември. Седумнаесет милиони ученици во Русија се враќаат во училниците. Маските не се задолжителни, но властите спроведуваат низа други здравствени протоколи.
16/21 Ученици од прво одделение присуствуваат на церемонијата по повод почетокот на новата академска година во училиштето број 218 во Новосибирск на 1 септември. Седумнаесет милиони ученици во Русија се враќаат во училниците. Маските не се задолжителни, но властите спроведуваат низа други здравствени протоколи.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
The new school year started on August 17 in Dushanbe. Tajik teachers have complained about low attendance and have visited homes to talk to parents who are afraid to send kids to school due to the shortage of protective measures available. In some schools, RFE/RL observed the distribution of hand sanitizer and soap, but most schools are finding it difficult to enforce physical-distancing rules.
17/21 The new school year started on August 17 in Dushanbe. Tajik teachers have complained about low attendance and have visited homes to talk to parents who are afraid to send kids to school due to the shortage of protective measures available. In some schools, RFE/RL observed the distribution of hand sanitizer and soap, but most schools are finding it difficult to enforce physical-distancing rules.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
На учениците во Душанбе им се мери температура на првиот училишен ден на 17 август.
18/21 На учениците во Душанбе им се мери температура на првиот училишен ден на 17 август.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Авганистанскиученик посетува настава во градот Херат. Училиштата во Авганистан беа отворени на 22 август, а учениците треба да носат маски. Часовите се половина од нивната нормална големина и се поделени во две смени.
19/21 Авганистанскиученик посетува настава во градот Херат. Училиштата во Авганистан беа отворени на 22 август, а учениците треба да носат маски. Часовите се половина од нивната нормална големина и се поделени во две смени.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Наставници и деца на 24 август држат физичко растојание за време на отворен час среде живописната станица на ридот Дудпатри во областа Будгам во центарот на Кашмир.
20/21 Наставници и деца на 24 август држат физичко растојание за време на отворен час среде живописната станица на ридот Дудпатри во областа Будгам во центарот на Кашмир.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Ученици од основните училишта присуствуваат на првиот ден од новиот семестар во Вухан, Кина, на 1 септември.
21/21 Ученици од основните училишта присуствуваат на првиот ден од новиот семестар во Вухан, Кина, на 1 септември.
Додека децата ширум светот се враќаат на час, училиштата преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат учениците и вработените од коронавирусот.
Previous slide
Next slide

Едукација и пандемија - кој модел е најдобар

Секој од 17-те шпански региони е одговорен за свој план за враќање на училиште, иако тие мора да ги следат националните регулативи, како што се задолжителните маски за деца над шест години.

Во училиштата главно се раздвоени клупите и е воведен еднонасочен систем низ ходниците пред повторното отворање на 10 септември.

Хаос, отпор, празнини во учењето

Француската влада соопшти дека кризата не смее да го стави животот на граѓаните во мирување, додека британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека е клучно училишта во Англија повторно да бидат отворени оваа недела.

Синдикатите на наставниците во Британија се пожалија на хаос предизвикан од промените во последен момент и ја истакнаа важноста на „план Б“ доколку се случи втор бран.

Ковид 19: Затворени училишта, генерациска катастрофа
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:37 0:00

Во екот на блокадите на глобално ниво, во април, според УНЕСКО, околу 1,5 милијарди деца беа погодени од затворање на училиштата. Тоа пак, го зголеми јазот во нееднаквоста, велат експертите.

Димовски - Со ваквото темпо на МОН учебната година ќе почне догодина

Ризикот од пренесување на коронавирус во училиштата, според епидемиолозите, зависи од тоа што се случува во локалната заедница, како и од безбедносните мерки.

Глобалните податоци за ширењето на пандемијата покажуваат дека децата и младите сочинуваат само 1 до 2 проценти од случаите на ковид-19 ширум светот.

Повеќето пријавени инфекции кај деца се лесни или асимптоматски, со малку евидентирани смртни случаи.

„Училиштата работат во заедници, тие не работат во изолација. Значи, големото нешто што го бараме е како изгледа пренесувањето каде што работат тие училишта", вели епидемиологот на Светската здравствена организација Марија Ван Керхове.

Нема правила како децата да се вратат на училиште

Во Германија, каде што училиштата повторно се отворени од почетокот на август, процентот на случаи со коронавирус кај помлади од 20 години остана стабилен.

Во Шведска, одржувањето на училиштата отворени во пандемијата не доведе до повисоки стапки на инфекции кај учениците во споредба со соседна Финска, каде училиштата беа привремено затворени.

Неделков - Наставата во време на пандемија не смее да се унифицира
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:18 0:00

„Ние сакаме да видиме како децата се враќаат на училиште и луѓето како се враќаат на работното место, но сакаме да видиме како тоа се прави безбедно. Во исто време, ниту една земја не смее да се преправа дека пандемијата е завршена“, вели генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејезус.

Традиционалната лондонска прослава „Назад во Хогвортс“ на 1 септември годинава не беше како вообичаено

. Повеќе од 20 години, голем број обожаватели на романите и филмовите за Хари Потер се собираа во костуми на првиот училиштен ден на митската Платформа девет и 3/4 на вистинската железничка станица Кингс Крос во Лондон - местото каде што Хари и неговите пријатели заминуваат.

Или на училиште или бојкот на онлајн наставата

Но, оваа година, станицата и локалните власти ги предупредија луѓето да не доаѓаат поради пандемијата. Продуцентите на филмовите наместо тоа воспоставија посебна веб-страница и ги охрабруваа студентите да испраќаат фотографии од нив во омилените наметки и униформи од Хогвортс.

Назад на училиште во различни земји

Белорусија

Стотици постари ученици го бојкотираа почетокот на учебната година во Белорусија, одговарајќи на повикот на опозициската лидерка Свјатлана Циханускаја за нови избори и оставка на претседателот Александар Лукашенко по спорните резултати од претседателските избори во минатиот месец.

Приведени студенти за време на протест против резултатите од претседателските избори во Минск, 1 септември 2020 година
Приведени студенти за време на протест против резултатите од претседателските избори во Минск, 1 септември 2020 година

Многу државни училишта беа користени како избирачки места, а наставниците помагаа во пребројувањето на гласачките ливчиња на изборите на 9 август.

Протест на студентите во Минск

На 1 септември, постари ученици кои вееја знамиња на опозицијата, маршираа по улиците и собираа потписи пред неколку училишта. Видеа на социјалните мрежи покажаа дека некои студенти беа приведени.

Тимот на Циханускаја соопшти дека бојкотот е неопходен за „да се покаже дека младите не можат да се држат настрана од настаните што се случуваат во Белорусија“.

Русија

Традиционалните церемонии на почетокот на учебната година беа откажани. Училиштата низ Русија мереа телесна температура на влезовите, претежно користејќи скенери за чело.

Претседателот Владимир Путин, во ТВ-обраќање на национално ниво, им порача на учениците да ги почитуваат правилата за безбедност.

Путин вели дека Русија има вакцина против ковид-19, но сомнежите растат

Задолжително е наставниците да носат маски во училиштата во Москва, но учениците не се обврзани да го прават тоа. На наставниците им е дозволено да ги симнуваат своите маски во училниците кога изведуваат настава, под услов да се држат на безбедно растојание од децата.

Украина

Украинското Министерство за образование соопшти дека 4,2 милиони деца ја започнале новата учебна година, вклучувајќи и 428.000 првачиња.

Официјалните лица не соопштија колку училишта се отворени, бидејќи земјата се бори со нови појави на коронавирусот во неколку области.

Училиштата во „црвената“ зона на ковид-19 треба да организираат учење на далечина.

Според Министерството за здравство, ваквите училишта се наоѓаат во 21 од 490 области во Украина.

На 31 август, градоначалникот на регионот Ивано-Франкивск во црвената зона во западна Украина изјави дека училиштата таму нема да бидат отворени до 11 септември, со продолжен летен одмор за учениците.

Иран

Иранскиот министер за образование Мохсен Хаџи-Мирзаи на 31 август рече дека следната недела учениците ќе започнат со училиште низ целата земја, освен оние што се назначени за „црвени зони“. Во моментов, 12 од 31 провинции во земјата се сметаат за црвени зони.

Рестрикциите за ковид-19 во Иран до крајот на јануари 2021 година

Но, Хаџи-Мирзаи додаде дека само 35 проценти од училиштата имаат доволно простор за физичко растојание и редовна настава. Учениците во преостанатите училишта можеби ќе треба да учат во две смени, па дури и во наизменични денови, ако нема доволно простор во училниците.

Училиштата се затворени во Иран од крајот на февруари. Хаџи-Мирзаи, исто така, објави дека државните телевизиски канали ќе започнат да емитуваат програми за настава.

Бугарија

Училиштата во Бугарија ќе бидат отворени на 15 септември.

Сепак, министерот за образование Красимир Валчев на 28 август рече дека во следните недели, ситуацијата може да се промени, објави новинската агенција БТА.

Бугарија, илустрација
Бугарија, илустрација

Валчев додаде дека учениците може да се префрлат на часови преку интернет, доколку е потребно, врз основа на специфичен број на инфекции кај пошироката популација.

Коронавирус- како ќе се помине есента?

Училиштата ќе мора еднаш неделно да ги ажурираат родителите за нивната состојба.

Министерството планира да трансформира помеѓу 15 и 20 училишта во центри за спроведување на учење на далечина колку што е потребно од крајот на септември или почетокот на октомври.

Таџикистан

Новата учебна година веќе започна на 17 август во Таџикистан. Наставниците се жалат на слаба посетеност.

Некои од нив одат по домови за да разговараат со родители кои се плашат да испраќаат деца на училиште поради недостиг на достапни заштитни мерки.

Во некои училишта, РСЕ ја набљудуваше дистрибуцијата на средства за дезинфекција и сапун и правилното физичко растојание, но во повеќето училишта се чини дека тешко се почитуваат правилата за дистанцирање.

Авганистан

Училиштата во Авганистан се отворени на 22 август. Часовите, според Министерството за образование, се поделени во две смени со по 50 проценти од нормалната класа во секоја. Од студентите се бара да носат маски.

Новинар на РСЕ кој посети неколку училишта, рече дека некои ученици не ги следат упатствата целосно. Министерството соопшти дека внимателно ја следи состојбата.

Студентите кои покажуваат какви било симптоми би требало да бидат пријавени на телефонски број даден од Министерството за здравство.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG