Достапни линкови

Нема правила како децата да се вратат на училиште


Враќањето на децата на училиште се смета за предуслов за да им се овозможи на родителите да се вратат на работа

Повеќе земји низ целиот свет се борат со тоа како да ги вратат децата во училниците, бидејќи повеќе региони се соочуваат со рекордни коронавирусни пикови и со страхувања дека вирусот се враќа.

Во Соединетите држави, најтешко погодената земја во светот со околу 4,7 милиони потврдени инфекции, училишните окрузи планираат разни пристапи.

Д-р Ентони Фаучи, врвен експерт за заразни болести на владата на САД, вели дека фаворизира учениците да се вратат на часови, но дека тоа треба да се заснова врз локалните услови.

„Стандардна позиција треба да биде да се обидеме што е можно повеќе да ги отвориме училиштата“, рече Фаучи, додавајќи: „Можеби има некои области каде што нивото на вирусот е толку големо што не би било претпазливо да се вратат децата на училиште. Значи, вие не можете да направите една препорака за враќање на децата во училиште во оваа земја. Зависи каде си“.

Зошто луѓето се придржуваат или ги отфрлаат мерките за коронавирусот?

Вирусот сега се шири во поголемиот дел од американскиот Среден Запад, дури и кога бројот на случаи во делови од југот и западот на земјата се чини опаѓа.

илустрација
илустрација

Северо-истокот, некогаш епицентарот на вирусот, одржува ниски стапки на инфекција откако во април достигна врв.

Претседателот Доналд Трамп врши притисок врз училиштата за повторно отворање, и ова прашање стана едно од клучните пред изборите во ноември и во момент кога земјата регистрира околу 155,000 смртни случаи.

Трамп: коронавирусот во САД под контрола

Враќањето на децата на училиште се смета за предуслов за да им се овозможи на родителите да се вратат на работа, иако има загриженост дека учениците ќе се заразат и ќе го донесат вирусот дома.

Новата учебна година започнува оваа недела во некои држави, вклучувајќи ги Џорџија, Луизијана, Мисисипи и Тенеси.

Но, вознемиреноста од случаите на ковид-19 во многу држави предизвика некои области да го одложат барем почетокот на учебната година, вклучувајќи ги Лос Анџелес, Филаделфија и Вашингтон.

Во Индијана, каде што се отворија училиштата во минатата недела, инфекциите веќе затворија најмалку две училишта, истакнувајќи уште еднаш колку ќе биде тешко да се започне со нормалното учење.

„Вакцински национализам“ - секоја земја сама за себе?

Дури и со зголемувањето на загриженоста од нови појави во Европа, десетици илјади германски студенти се вратија на училиште додека летниот распуст заврши во северната држава Мекленбург-Западна Померанија.

Ова е прва од 16 сојузни држави во Германија што ги отвори училиштата откако избувнувањето на ковид-19 ги затвори ваквите институции кон средината на март.

илустрација
илустрација

Во Латинска Америка, скоро целото школување се спроведува преку интернет или преку телевизија, бидејќи пандемијата продолжува да се шири во регионот.

Мексико објави дека повеќе од 30 милиони деца ќе започнат со учење од далечина на 24 август, бидејќи земјата се справува со едно од најтешките избувнувања во светот со скоро 48.000 смртни случаи.

СЗО: Немаме конечно решение за коронавирусот

Секретарот за образование Естебан Моктезума Барагон, рече дека учениците ќе учат преку телевизија затоа што е премногу ризично тоа да го прават во училници. Во руралните области, учениците ќе учат преку радио.

Во Боливија, владата веќе објави дека ја завршува учебната година затоа што е невозможно да се гарантира образование во земја во која повеќето рурални области немаат пристап до интернет.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG