Достапни линкови

Средношколците бараат комбинирано, а не целосно онлајн образование


Средношколски протест против целосна онлајн настава за учебната година 2020/2021

Со транспаренти „Стоп за неквалитетно онлајн образование“, „Владата онлајн, учениците офлајн“, „Назад во клупа“ и др. дел од средношколците денеска протестираа против одлуката за целосна онлајн настава. Протестот почна пред министерството за образование, а заврши со обраќања пред Владата.

Според претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи, дел од барањата на средношколците се комбинирано или хибридно учење како најефикасен начин на учење за време на пандемијата, засновано врз епидемиолошката состојба на градовите, како и училиштата да бидат во можност да ги поделат учениците во групи, со тоа што дел од нив ќе следат настава на далечина, а други пак настава со физичко присуство.

Дел од родителите кои им дадоа поддршка на средношколците на протестот велат дека наставните програми се проектирани да траат од 1 септември, па до јуни и дека училишната година ќе биде уништена за генерациите доколку не почнат да одат на училиште.

Или на училиште или бојкот на онлајн наставата

Протестот го поддржа и Првата детска амбасада Меѓаши. Оттаму упатија апел до институциите да обезбедат континуирано и системско учество на учениците, средношколците и основците, во донесување на одлуките од областа на образованието.

„Ваквото учество не смее да биде сведено на еднократни средби, по кои учениците нема да бидат известени ниту дали, ниту пак како нивните мислења биле земени предвид во донесувањето на одлуките“, велат од Меѓаши.

XS
SM
MD
LG