Достапни линкови

Турција и Унгарија се очекува (наскоро) да се согласат за проширување на НАТО


Реџеп Таип Ердоган и Виктор Виктор Орбан

Финска и Шведска се поблиску до членството во НАТО со тоа што 28 од 30-те членки на воената алијанса досега ја имаат депонирано ратификацијата за нивното пристапување по гласањата во националните парламенти. Она што сега недостасува е иницирање слични процеси во Унгарија и Турција. Рикард Јозвијак

Сепак, со новата шведска влада и изборите и во Финска и во Турција во првата половина на следната година, дипломатите се се повеќе уверени дека нордискиот пар ќе станат членки на НАТО или на крајот на 2022 или на почетокот на 2023 година.

Најочигледна и најочекувана пречка во овој процес сè уште е барањето согласност на Анкара.

Столтенберг: НАТО ќе дејствува доколку Шведска и Финска бидат под притисок

Откако Хелсинки и Стокхолм аплицираа за членство во средината на мај како директна последица на рускиот напад врз Украина неколку месеци претходно, надежите беа големи дека процесот на пристапување со голема брзина ќе им овозможи да се приклучат на клубот до крајот на летото или почетокот на есента.

Но, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имаше други идеи. Иако тој на самитот во Мадрид на крајот на јуни ја одобри поканата на НАТО за Финска и Шведска да и се приклучат на Алијансата, таа дојде по постигнувањето трилатерален меморандум заедно со Хелсинки и Стокхолм на маргините на самитот во Мадрид.

И додека повеќето други членки на НАТО побрзаа во текот на летните месеци да ги ратификуваат протоколите за пристап, Турција, набљудуваше како Финска, а особено Шведска, ги исполнуваат ветувањата во меморандумот.

Ова особено се однесуваше на Шведска - дом на околу 100.000 луѓе со курдско потекло и среде изборна кампања што кулминираше со нова десничарска малцинска влада на 18 октомври - речиси пет недели по гласањето.

Претходната шведска влада брзо реализираше некои аспекти од пактот. Ембаргото за оружје за Анкара од 2019 година беше веднаш укинато и имаше чекори за стопирање на финансирањето и поддршката за курдските групи во Сирија.

Но, тоа беа лесните победи. Прашањето е сега како да се справи со сузбивање на Курдистанската работничка партија (ПКК) и да се екстрадираат луѓе кои Турција ги смета за „терористи“.

И Финска и Шведска се обврзаа да ги „спречат активностите на ПКК и сите други терористички организации и нивните проширувања, како и активностите на поединци во поврзани и инспирирани групи или мрежи поврзани со овие терористички организации“.

Чешка го одобри барање за влез во НАТО на Финска и Шведска

Јасно е дека Стокхолм ќе мора да биде повнимателен против оваа група чии знамиња и амблеми се вообичаена глетка во неколку шведски градови. Сепак, екстрадициите најверојатно ќе бидат лакмус тест за новата шведска влада.

Досега се одобрени две барања за екстрадиција, но сè уште не е јасно колку бара Анкара. Бројките што кружат во медиумите се од 18 до 73, но официјални лица веруваат дека она што Турција ќе го гледа најмногу ќе биде шведската подготвеност барем да ги задоволи барањата и да не ги отфрли премногу брзо.

И шведската подготвеност можеби само се зголеми со стапувањето на функцијата на премиерот Улф Кристерсон.

Неговата партија, како и неговите коалициски партнери, се цврсто про-НАТО, што не беше случај со сите акти на поддршка врз кои претходната владејачка партија - социјалдемократите - се потпираа за време на владеењето.

Можеби на Кристерсон ќе му биде полесно да се справи со екстрадициите имајќи предвид дека тоа повеќе нема да биде изборно прашање и дека шведските Курди не се, со други зборови, важна гласачка база за него.

Кристерсон, исто така, го задржа Оскар Стенстром како главен преговарач за имплементација на меморандумот - личност која, наводно, ужива почит во Анкара.

И кога шведскиот премиер го посети седиштето на НАТО во Брисел набргу по обезбедувањето на власта, тој даде помирувачки тон нагласувајќи дека Стокхолм „е многу посветен на договорот меѓу Шведска, Финска и Турција и прави се што може што е можно поскоро да ги исполни сите обврски во него“, додавајќи, прилично нагласено, дека „борбата против тероризмот е од фундаментално значење во овој договор“.

Во Брисел, тој, исто така, објави дека е подготвен да оди во Анкара „што е можно поскоро“, на што Ердоган одговори дека средба ќе има иако се уште не е одреден датум.

Ердоган игра на дипломатски придобивки со поглед кон изборите

И покрај тоа што веројатно нема сè да се реши веднаш, сега може да биде широко отворен прозорецот на можности. Со тоа што Ердоган ќе се бори на претседателски избори во јуни, а Финците ќе одат на избори на почетокот на април, наводно има нови надежи на сите страни да се затвори ова прашање многу пред тоа.

Останува Унгарија и причините зошто нејзиниот парламент сè уште не изгласал ратификација.

Имаше индикации од унгарските власти дека за неа ќе се гласа на крајот на ноември и оти процесот на ратификација треба да заврши пред Божиќ.

Официјални причината е дека собранието и владата се зафатени со изготвување и гласање за ново законодавство со цел да се обезбедат замрзнати средства од ЕУ во износ од 7,5 милијарди евра.

Но, малкумина веруваат дека тоа одзема толку многу време и е вистинската причина за доцнењето. Шпекулациите во Брисел и на други места укажуваат на три работи: прво, дека Будимпешта го користи доцнењето за да изврши притисок врз Стокхолм и Хелсинки за на крајот да го одобрат протокот на пари во Унгарија.

Второ, дека на унгарското одолговлекување треба да се гледа како сигнал за Москва оти таа останува најголемиот пријател на Кремљ во западниот блок. И трето, дека тоа се прави во знак на солидарност со Турција.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан долго време се обидува да негува блиски врски со Ердоган, а Будимпешта постојано се залага за членство на Турција во ЕУ.

На крајот, оваа сага влегува во последните поглавја, без оглед на причините за какво било одложување. И ќе заврши со растење на семејството на НАТО.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG