Достапни линкови

Српско - косовски тензии и македонско бугарски исчекори!


Илустрација
Илустрација

Тензиите меѓу Косово и Србија, како и најавениот исчекор во односите со Бугарија за деблокада на македонската европска интеграција од страна на премиерот Зоран Заев во фокусот на вашите коментари на социјалните мрежи.

РСЕ редовно известува за заострувањето на односите помеѓу Србија и Косово, дека веќе една недела има протести на косовските Срби, незадоволни од распоредувањето на специјалните косовски полициски сили на административните премини Јариње и Брњак по одлуката на Приштина да ги замени српските регистарски таблички. Приштина тврди оти тоа е реципрочна одлука зашто Србија не дозволува влез на возила со косовски регистрации, туку им издава привремени на граничните премини кои се наплатуваат. Местото на протестите го надлетуваат српски воени авиони, а војската ја зголеми борбената готовност. Надлетуваат и хеликоптери на КФОР. НАТО и ЕУ ги повикаа двете страни на смиреност, но ниту косовската специјална полиција ниту граѓаните собрани на протестот не се откажуваат од своите позиции.

Српски воени авиони надлетуваат во близина на границата со Косово
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:02 0:00

По секоја информација за ваквата напната ситуација коментираат и нашите посетители на ФБ страницата, а нивните коментари покажуваат меѓуетничка нетрпеливост. Емил Бојковиќ и Ај Лили, на пример, развиваат вистинска дебата со 20-ина реплики за тоа дали има или нема граница помеѓу Косово и Србија, а
Тоде Московски негативно реагира на КФОР: „Тој КФОР го ничкоса нашиот Борис Трајковски“, смета тој, а Пајазит Астрит Небију со своето мислење: „Грешка си, тајните служби го направија тоа“. Слободан Сунгер Боб Штериевски со контролирана пцовка го изразува својот револт, па вели: „Па нема ваљда рат у Балкан шугав“. Сефедин Алиу го утешува: „Ич не се секирајте, кој со кого ќе ратува? Кој тоа ќе ратува со НАТО? „Уживај на задњите трзаји на изгубените во свемирот!“, па потсетува дека сегашниот состав на силите на НАТО на Косово се состоел, како што наведува, „од македонски, американски, хрватски, албански, унгарски војници.......“ И Стојков Ацо здраворазумно: „Есапот може да биде народот да страда, не радувајте се на најлошото“.

РСЕ ја пренесе изјавата на премиерот Зоран Заев дека очекува исчекор во односите со Бугарија по изборите таму во ноември и кај нас во октомври, додавајќи дека со блокадата на македонските евроинтеграции Бугарија го прекршила Договорот за добрососедство помеѓу двете земји. „Сега ние можеме да живееме со блокадата уште 27 години, како што беше со Грција. Тоа зависи како ќе одлучиме сите ние... водејќи мудри политики... почитувајќи ја историјата, изнаоѓајќи европски начини како да продолжи нашата земја да се движи кон европското семејство“.

Оваа негова изјава предизвикала многу негативни коментари и мислења на ФБ страницата, речиси сите со лични навреди, и ќе повториме по којзнае кој пат, поради професионалните стандарди на РСЕ, тие коментари нема да ги цитираме. Тодор Георгиев постирал: „Кога врбата ќе роди грозје тогаш ќе има исчекор, или ултиматум или ништо“. Петровски Петар поостар: „Ние па друго очекуваме, да не си појќе ништо во државата!!“, а Иван Димитров со недоверба кон судските инстанци: „По изборите и по катастрофата што ќе ја доживее Заев, нема намера да си даде оставка. Ќе мора да се шутне. Најдобро преку прочистено ЈО и проветрен дебело СУД“. Потпишан со Марко Македон потсетува дека има Декларација за црвените линии донесена во Собранието, „така што ако ја прекрши не само што нема да биде законски, туку ќе одговара за криминал за неспроведување на законска одлука донесена во Собрание....“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG