Достапни линкови

Пробни таблички за нови тензии меѓу Косово и Србија


Приштина испрати полициски специјалци на северната граница каде граѓани од српската заедница блокираа патишта кои водат кон граничните премини
Приштина испрати полициски специјалци на северната граница каде граѓани од српската заедница блокираа патишта кои водат кон граничните премини

Косово не пушта возила со српски таблички и бараа да нивна замена со времени, што предизвика тензии на граничните премини на северот од Косово кон Србија. Од Приштина испратија полицијата и одговор дека ова е „потег за реципроцитет“, а во Белград итен состанок на Советот за безбедност

Тензиите на косовско-српската граница поради српските регистарски таблички што почнаа во понеделникот, продолжија и денеска. Косовските власти не отстапуваат од одлуката да не дозволуваат влез на возила кои нема да земат привремени таблички, а сили на косовската полиција втор ден се распоредени на граничните премини Јариње и Брњак. Кај Јариње е потензично, откако косовските полицајци ја поминале ноќта „на готовс“, додека српски граѓани го блокираа патот кон преминот во знак на протест за оваа одлука на косовското Собрание.

Тензии на граничните премини на северот на Косово
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:16 0:00

По 24 часа тензии, денеска се одржува итна седница на српскиот Совет за национална безбедност, на која ќе присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Се почна на 20 септември кога Министерството за внатрешни работи на Косово, во соработка со косовската полиција, започна со спроведување на одлуката на косовските власти, според која, граѓаните кои имаат српски регистарски таблички, на пример, БГ (Белград), КГ (Крагуевац) НИ (Ниш), сега на граничните премини со Косово треба да земаат пробни таблички и да ги постават на предниот и задниот дел од возилото. Табличните чинат 5 евра за 60 дена. До сега и косовските граѓани со косовски таблички плаќаа по пет евра за два месеца при влез во Србија.

Во општините на северот на Косово со мнозинство српско население, досега беше можно да се вози со регистерски таблички со ознаките на косовски градови, но издадени од српското Министерство за внатрешни работи, што беше спротивно на т.н. Бриселски договор на Косово и Србија за слобода на движење. Премиерот на Косово, Албин Курти, рече дека оваа одлука не е донесена доброволно од Косово, туку е наметната од „другата страна“.

Што се случи на 20 септември?

На 20 септември, припадниците на специјалната единица на косовската полиција беа распоредени на два премини на север, Јариње и Брњак. Министерот за полиција на Косово, Џељаљ Свечља, се обиде да ја објасни одлуката на косовскиот Парламент, но тоа не ги спречи српските блокади на некои патишта кои водат до граничните премини на северната косовска граница. Реципрочната мерка се однесува за сите премини, но блокади имаше само од локалното население во Лепосавиќ и Зубин Поток, општини со мнозинство српско население во северно Косово.

Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, водечката партија на косовските Срби, која има поддршка од официјален Белград, исто така, дојде на граничниот премин Јариње. Тој оттаму го повика претседателот Вучиќ да најде решение. Српскиот претседател изјави дека „Приштина ги крши одредбите од Бриселскиот договор.

„Косовската полиција на граничниот премин отстранува таблички на суверена држава, членка на Обединетите нации. Ја молам меѓународната заедница да ги вразуми неразумните и да ги доведе до цивилизирано однесување“, рече Вучиќ.


За него, присуството на косовската полиција на граничните премини на север е „најбрутален упад“ и ги повика властите во Косово да го почитуваат Бриселскиот договор или едноставно да кажат дека „тој не постои“. Вучиќ се закани и дека ќе возврати со економски мерки ако Косово не ја смени одлуката.

Косовскиот премиер Курти убедува дека се одземаат „сите неважечки таблички и се заменуваат со времени“ и повтори дека претходно најавувал дека „ќе бидат воведени реципрочни мерки кон Србија за регистарските таблички“.

ЕУ и САД повикуваат на смирување на тензиите

Претставниците на Европската унија (ЕУ) ги повикаа Косово и Србија итно да ги намалат тензиите на теренот.

„Ги повикуваме двете страни да се воздржат од еднострани дејствија и итно да ги намалат тензиите. Претставниците на ЕУ внимателно ги следат случувањата на северот на Косово“, рече портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Во својата реакција, Амбасадата на САД во Србија наведе дека се приклучува кон ЕУ и ги повикува Приштина и Белград да го користат постоечкиот дијалог како платформа за решавање проблеми.


Што пишува во Бриселскиот договор?

Договорот за слобода на движење меѓу Косово и Србија беше постигнат во 2011 година. Според него, српските таблички со ознаки на градовите во Косово, како што се ПР (Приштина), ГЛ (Гњилан) К.М. (Косовска Митровица), беа укинати, односно овие возила требаше да се пререгистрираат со ознака РКС или КС.

И покрај овој договор, во четири општини на северот на Косово, каде живее мнозинско српско население, граѓаните возат автомобили со српски регистарски таблички издадени од Србија.

Од друга страна, граѓаните на Косово не можеа да влезат на територијата на Србија со таблички РКС без трошоци, односно мораа да ги заменат со пробни, па затоа Косово со договор се обврза да издава регистарски таблички со ознака КС уште пет години, што беше прифатено од Србија.

XS
SM
MD
LG