Достапни линкови

Кој ќе живее? Кој ќе умре? Лекарите во Русија и ковид-19


пациент на интензивна нега во болница во Москва

Бидејќи епидемијата ковид-19 продолжува да се шири во Русија, лекарите велат дека се повеќе се принудени да прават застрашувачки избори во врска со користењето на ограничени ресурси. Радио Слободна Европа разговараше со 20 лекари од интензивна нега во Русија за коронавирусот. Русија е трета со над 350.000 пријавени случаи на инфекција и повеќе од 3.630 смртни случаи.

Лекарот од интензивна нега Николај Осадчи од болницата во Перм, околу 1.400 километри источно од Москва вели: "Имаме 18 респиратори за 18 кревети со интензивна нега, иако само три од нив се модерни погодни за пациенти со ковид-19.

Во моментот имаме два или три бесплатни кревети во одделот за интензивна нега. И тоа е тоа ".

Сите лекари интервјуирани од РСЕ рекоа дека слушнале за вакви случаи, дури и пред пандемијата.

Тежок избор

Анастасија Василиева, лекарка која ја предводи невладината медицинска професионална организација „Лекарски сојуз“
Анастасија Василиева, лекарка која ја предводи невладината медицинска професионална организација „Лекарски сојуз“

Анастасија Василиева, лекарка која ја предводи невладината медицинска професионална организација „Лекарски сојуз“, вели дека знае за примери за време на борбата со ковид-19 во Русија, кога лекарите „биле принудени да направат избор во корист на пациентот кој има најдобри шанси да преживее“.

Пожар во руска болница, две лица загинати

„Таквиот избор е дефинитивно спротивен на законот, но што да прави лекарот?“ изјави таа, додавајќи:

"Ова е вонредна состојба што ги надминува сите светски правни норми. Лекарите се принудени да ризикуваат и се случува еден вид природна селекција. Нема што да се прави, толку е ужасно колку што звучи. Тешко ми е и да зборувам за тоа”.

Како и многу земји кои се справуваат со голем број на случаи на ковид-19, Русија се соочува со недостаток на вентилатори, кои се потребни за да им се помогне на пациентите да дишат кога нивните бели дробови се полнат со течности.

Лекар во просторија со заштитна облека во Москва
Лекар во просторија со заштитна облека во Москва

Многу од респираторите во руските болници се стари, датирани дури и од советскиот период и не се соодветни за лекување на пациенти со ковид-19.

Состојбата на Русија се влоши откако владата ја прекина употребата на вентилатори на Авента-М, бидејќи тие беа поврзани со пожари во болници во Москва и Санкт Петербург.

Има повеќе од 1.000 вакви вентилатори во руските болници.

Официјалниот став на владата е дека Русија ја има целата опрема што е потребна за да се справи со итни случаи.

Респираторите од САД за помош на Русија пристигнаа во Москва

Недостаток на критична опрема, особено вентилатори, со години е вообичаен проблем за руските лекари – и тој не е создаден, од итните случаи на коронавирусот.

„Нашата болница има 12 кревети за интензивна нега и три вентилатори“, вели Наталија, која работи во болница додавајќи:

„Кога се случува сите машини да бидат зафатени, но на некој пациент одеднаш се влошува, ние почнуваме да користиме се што имаме - внесуваме апарати за дишење од операционите простории или користиме вентилатори, кои се напавени за употреба на терен од страна на војската. Многу се стари, не ги исполнуваат современите стандарди и не треба да се користи во болниците”.

лекар прегледува рендген снимка, Москва
лекар прегледува рендген снимка, Москва

Руските лекари честопати го користат терминот „еутаназија“ како еден вид еуфемизам за правење клинички определби за распределбата на ресурсите.

Поголемите болници се соочуваат со слични проблеми.

Иван, лекар на интензивна нега во голема болница во Санкт Петербург, изјави за Радио Слободна Европа дека неговиот оддел секогаш бил полн и практично секој пациент имал потреба од вентилатор.

Некои од нив, вели тој, мора да бидат закачени на „метално ѓубре“, што значи безнадежно застарена опрема што е често од времето на Советскиот Сојуз.

Броење на мртвите: различно прикажување на смртноста од коронавирусот

„Понекогаш лекарот ќе ми се јави и ќе ми рече: Однесете ја оваа старица на интензивна нега - се чини дека умира. И јас одам во одделението и наоѓам три стари жени што умираат и сите три треба да одат на интензивна нега. Нема што да се направи кога три лица се на умирање. Тоа беше дури и без пандемијата“.

лекари, болница во Москва
лекари, болница во Москва

Администраторите во болниците, вели Иван, даваат се од себе да не привлечат внимание на ваквите случаи. „Во досиејата за такви случаи, тие пишуваат дека пациентот починал во одделот од срцева слабост“.

„Другари во канцелариите“

Лекарите од првите редови честопати се под притисок помеѓу потребите на пациентите и барањата на болничките администратори и, дури обвинителите.

Армен Оганесјан, раководител на интензивна нега во една голема московска клиника, напиша на Фејсбук дека „другарите во канцелариите секогаш чекаат на грешки на лекарите“.

Расте негодувањето кај лекарите и малите бизнисмени во Русија

Василиева од Алијансата на лекарите се согласува, велејќи дека Федералната фондација за медицинско осигурување ги проверува сите досиеја за случаи на траума на белите дробови, вклучително и ковид-19.

болница во Москва
болница во Москва

„Ако некој од надвор од болницата ќе започне да истражува, управата на болницата ќе започне да ги обвинува лекарите“, вели Иван, лекар за интензивна нега во Санкт Петербург Иван, додавајќи:

“Резултатот е секогаш ист - докторот кој е одговорен за излегувањето на приказната, во најмала рака, ќе биде отпуштен од работа“.

"Дури и во медицинското училиште тие ни кажуваат дека болничката историја на случаите се напишани за обвинителите. Секој го пишува на свој начин. Дури и по земјотрес или масовно заболување, никој нема да признае дека некој не добил целосна грижа“, вели Оганесјан за РСЕ.

Рекорден број починати од Ковид-19 во Русија

„Таквата состојба ја сметаме за грешка на специфичен лекар затоа што секој главен лекар ќе рече:„ Во следната просторија имаше резервна опрема и тој не ја користеше. Можеше да ме повика и јас ќе организирав сè."

'Оптимизирано' до коска

Кризата со ковид-19 ги изложи слабостите на здравствениот систем на Русија, кој беше предмет на „оптимизација“ - владина политика за подобрување на грижата преку рационализирање на здравствениот сектор - веќе со години.

„На хартија, имаме сè“, рече Оганесјан, прецизирајќи: „машини, лекови, материјали за еднократна употреба, најдобри лекари, па дури и психолози кои работат со семејства на пациентите“. Но, знам какви навистина се работите. Лекарите пишуваат на специјализирани форуми дека немаат немаат ништо или оти имало четири медицински сестри кои работат во одделение за интензивна нега со 30 кревети. Но, дали општеството е подготвено да зборува за ова? Без оглед колку итни ситуации имавме - поплави, тероризам, сега овој вирус - не научивме лекции“, вели тој, додавајќи: „Системот не е правилно дизајниран или финансиран и останува на тој начин - неподготвен, лажен, работејќи не за пациентите, туку за извештаите до повисоките лица.”

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG