Достапни линкови

Пожар во руска болница, две лица загинати


Регионалните руски здравствени власти соопштија дека најмалку две лица починале откако електричен спој предизвикал пожар во болница во Централна Русија. Пожарот избувнал во регионот Татарстан при што се повредени најмалку три лица, а евакуиран бил целиот персонал и десетици пациенти. Властите соопштија дека пожарот избувнал во делот од болницата каде што се примаат пациентите со респираторни болести и дека ниту еден од пациентите со Ковид 19 не е повреден.

Претходно двата пожари во болниците во Санкт Петербург и во московскиот регион предизвикаа загриженост во јавноста поради неправилна употреба на аспираторите кои се користат за пациентите кои страдаат до коронавирусот.

При пожарот во болницата во Санкт Петербург загинаа 6 луѓе, додека 11 загинаа при пожарот во московската болница. Заклучно со вчерашниот ден, во Русија се евидентирани 335 882 случаи на заболени од Ковид 19, што е значителен пораст од речиси 10 илјади новозаболени за 24 часа.

XS
SM
MD
LG