Достапни линкови

2021 – не само уште една пандемична година

2021 година донесе многу пресврти кои уште долго време ќе имаат одек во светот. Иако пандемијата на ковид-19, од време на време ги затвораше луѓето дома, 2021 година беше исполнета со неочекувани настани во одредени делови на светот.

На 6 јануари американскиот претседател во заминување Доналд Трамп се обрати на митингот на поддржувачи во Вашингтон и ги повтори неоснованите тврдења дека ги загубил изборите во ноември поради широко распространета измама.

„Сите ние овде денес не сакаме да ја видиме нашата изборна победа украдена од охрабрените радикални леви демократи, што тие го прават, и украдени од медиумите за лажни вести. Тоа е она што тие го направија и она што го прават. Никогаш нема да се откажеме, никогаш нема да се откажеме“.

Американец обвинет за насилниот упад во Капитолот бара азил во Белорусија

Трамп ги повика своите следбеници да маршираат до Капитол, каде што Конгресот се собра за да ја потврди изборната победа на Џо Бајден. Толпите ги пробија безбедносните бариери и влегоа во зградата. Во хаосот загинаа неколку луѓе, а многу беа повредени, меѓу кои и десетици полицајци.

2021: Клучните настани во уште една пандемична година
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:51 0:00


На 17 јануари полицијата го уапси истакнатиот критичар на Кремљ Алексеј Навални при пристигнувањето на аеродромот во Москва. Тој се враќаше во Русија од Германија, каде што се опорави по речиси фаталното труење за кое го обвини Кремљ. По приведувањето, Навални ги повика своите приврзаници на протести. „Ве повикувам: не молчете, излезете на улица. Никој нема да нѐ заштити освен нас самите. Но, ние сме толку многу што ако сакаме да постигнеме нешто, ќе го постигнеме“.

Полицијата приведува учесник на протест за поддршка на приведениот опозициски активист Алексеј Навални во центарот на Москва. 31.01.2021.
Полицијата приведува учесник на протест за поддршка на приведениот опозициски активист Алексеј Навални во центарот на Москва. 31.01.2021.

Во следните недели полицијата уапси илјадници луѓе ширум Русија во серија протести за поддршка на Навални. На 2 февруари, судот му нареди да одлежи 2 и пол години затвор за прекршување на условите за условно ослободување од претходно апсење.

Можни „вооружени протести“ пред инаугурацијата на Бајден

На 20 јануари, по неуспешната правна битка за оспорување на неговата изборна загуба, Доналд Трамп ја напушти Белата куќа неколку часа пред Џо Бајден да положи заклетва како нов претседател на САД. Во кршење на традицијата, претседателот во заминување не присуствуваше на инаугурацијата на неговиот наследник. Непосредно пред Бајден да положи заклетва, неговата кандидатка Камала Харис положи заклетва, со што стана првата обоена жена на функцијата потпретседател.

2021 година низ фотографии

Зградата на Капитол во Вашингтон нападната од про-Трамп поддржувачи на 6 јануари 2021 година 
1/27 Зградата на Капитол во Вашингтон нападната од про-Трамп поддржувачи на 6 јануари 2021 година 
2021 година низ фотографии
Ела Губиоти го прегрнува својот партнер Џанкарло Ванимартини, анестезиолог кој е хоспитализиран 10 дена, во безбедна просторија каде што пациентите и роднините можат да се гушкаат едни со други заштитени со пластична фолија, Аричија, во близина на Рим,  20 јануари 2021 година.
2/27 Ела Губиоти го прегрнува својот партнер Џанкарло Ванимартини, анестезиолог кој е хоспитализиран 10 дена, во безбедна просторија каде што пациентите и роднините можат да се гушкаат едни со други заштитени со пластична фолија, Аричија, во близина на Рим,  20 јануари 2021 година.
2021 година низ фотографии
Мигранти и бегалци од различни африкански националности чекаат помош на пренатрупан дрвен брод во Средоземното Море на 122 милји од брегот на Либија, 12 февруари 2021 година.<br />
<br />
Миграциските кризи продолжија низ целиот свет, од Хондурас до Турција, до Белорусија и Медитеранот.&nbsp;
3/27 Мигранти и бегалци од различни африкански националности чекаат помош на пренатрупан дрвен брод во Средоземното Море на 122 милји од брегот на Либија, 12 февруари 2021 година.

Миграциските кризи продолжија низ целиот свет, од Хондурас до Турција, до Белорусија и Медитеранот. 
2021 година низ фотографии
Луѓе цртаат срца со светла од своите мобилни телефони за поддршка на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални и неговата сопруга Јулија Навалнаја, во Москва, 14 февруари 2021 година.&nbsp;
4/27 Луѓе цртаат срца со светла од своите мобилни телефони за поддршка на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални и неговата сопруга Јулија Навалнаја, во Москва, 14 февруари 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Жена поминува покрај возило паркирано во близина на оштетените згради во источните предградија на Дамаск, Сирија, 9 март 2021 година.&nbsp;
5/27 Жена поминува покрај возило паркирано во близина на оштетените згради во источните предградија на Дамаск, Сирија, 9 март 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Демонстрант се држи за кошулата на паднатиот другар, за време на задушувањето&nbsp; на демонстрациите против воениот удар, во населбата Хлаинг Таријар во Јангон, Бурма на 14 март 2021 година.
6/27 Демонстрант се држи за кошулата на паднатиот другар, за време на задушувањето  на демонстрациите против воениот удар, во населбата Хлаинг Таријар во Јангон, Бурма на 14 март 2021 година.
2021 година низ фотографии
Товарниот брод &bdquo;Ever Given&ldquo; го блокира неколку денови Суецкиот канал, 27 март 2021 година.
7/27 Товарниот брод „Ever Given“ го блокира неколку денови Суецкиот канал, 27 март 2021 година.
2021 година низ фотографии
Човек бега од топлината од погребни клади на жртвите од ковид-19 во крематориум на периферијата на Њу Делхи, Индија, на 29 април 2021 година.&nbsp;
8/27 Човек бега од топлината од погребни клади на жртвите од ковид-19 во крематориум на периферијата на Њу Делхи, Индија, на 29 април 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Судири на забавата наречена &bdquo;La Boum 2&ldquo; против белгиските мерки за социјално дистанцирање и ограничувања за ковид-19, во Брисел, Белгија, 1 мај 2021 година.&nbsp;
9/27 Судири на забавата наречена „La Boum 2“ против белгиските мерки за социјално дистанцирање и ограничувања за ковид-19, во Брисел, Белгија, 1 мај 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Киргистанка со своето бебе во урнатините на нејзината куќа во селото Максат во близина на границата меѓу Киргистан и Таџикистан, 4 мај 2021 година. Соседните Киргистан и Таџикистан се договорија да ги повлечат војниците од своите граници по интензивните борби во кои загинаа околу 40 луѓе.&nbsp;
10/27 Киргистанка со своето бебе во урнатините на нејзината куќа во селото Максат во близина на границата меѓу Киргистан и Таџикистан, 4 мај 2021 година. Соседните Киргистан и Таџикистан се договорија да ги повлечат војниците од своите граници по интензивните борби во кои загинаа околу 40 луѓе. 
2021 година низ фотографии
По израелскиот воздушен напад врз градот Газа, 18 мај 2021 година.
11/27 По израелскиот воздушен напад врз градот Газа, 18 мај 2021 година.
2021 година низ фотографии
Човек се крие во близина на својот автомобил додека сиренети се огласуваат со предупредување за ракети лансирани од Појасот Газа кон Израел, а израелскиот противракетен систем &bdquo;Железна купола&ldquo; пресретнува ракети лансирани од Појасот Газа, во близина на Ашкелон, Израел, 19 мај 2021 година.&nbsp;
12/27 Човек се крие во близина на својот автомобил додека сиренети се огласуваат со предупредување за ракети лансирани од Појасот Газа кон Израел, а израелскиот противракетен систем „Железна купола“ пресретнува ракети лансирани од Појасот Газа, во близина на Ашкелон, Израел, 19 мај 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Ерменски деца гледаат во фотограф кој стои пред оштетена зграда со плакати на партиски кандидати во селото Шурнк, на околу 200 километри југоисточно од Ереван, Ерменија, вторник, 15 јуни 2021 година. Селото беше пресечено на два дела од новодефинираната граница со Азербејџан
13/27 Ерменски деца гледаат во фотограф кој стои пред оштетена зграда со плакати на партиски кандидати во селото Шурнк, на околу 200 километри југоисточно од Ереван, Ерменија, вторник, 15 јуни 2021 година. Селото беше пресечено на два дела од новодефинираната граница со Азербејџан
2021 година низ фотографии
Иранка и нејзините деца, облечени во униформи на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, се редат на избирачко место за да го дадат својот глас на претседателските избори, 18 јуни 2021 година.
14/27 Иранка и нејзините деца, облечени во униформи на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, се редат на избирачко место за да го дадат својот глас на претседателските избори, 18 јуни 2021 година.
2021 година низ фотографии
Полицаец гледа полициски автомобили превртени на улица во рамките на демонстрациите против кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел во Хавана, Куба, на 11 јули 2021 година. Илјадници Кубанци учествуваа во ретките протести против комунистичката влада, марширајќи низ град извикувајќи &bdquo;Долу диктатурата&ldquo; и &bdquo;Сакаме слобода&ldquo;.&nbsp;
15/27 Полицаец гледа полициски автомобили превртени на улица во рамките на демонстрациите против кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел во Хавана, Куба, на 11 јули 2021 година. Илјадници Кубанци учествуваа во ретките протести против комунистичката влада, марширајќи низ град извикувајќи „Долу диктатурата“ и „Сакаме слобода“. 
2021 година низ фотографии
Селото Шулд во областа Ахрвеилер е уништено по големите поплави на реката Ахр, во Шулд, Германија, 15 јули 2021 година.<br />
<br />
Ефектите од климатската криза беа поочигледни од кога било, особено во Европа и Северна Америка, кои доживеаја некои од нивните најекстремни временски услови со генерации.
16/27 Селото Шулд во областа Ахрвеилер е уништено по големите поплави на реката Ахр, во Шулд, Германија, 15 јули 2021 година.

Ефектите од климатската криза беа поочигледни од кога било, особено во Европа и Северна Америка, кои доживеаја некои од нивните најекстремни временски услови со генерации.
2021 година низ фотографии
Од церемонијата на затворање на Олимписките игри во Токио 2020 година, Олимписки стадион, Токио, Јапонија, 8 август 2021 година.&nbsp;
17/27 Од церемонијата на затворање на Олимписките игри во Токио 2020 година, Олимписки стадион, Токио, Јапонија, 8 август 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Авганистанско дете чека да го напушти аеродромот во Кабул на 16 август 2021 година, по неверојатно брзиот крај на 20-годишната војна во Авганистан, додека илјадници луѓе дојдоа на аеродромот во, обидувајќи се да побегнат од тврдокорното владеење на исламистите.
18/27 Авганистанско дете чека да го напушти аеродромот во Кабул на 16 август 2021 година, по неверојатно брзиот крај на 20-годишната војна во Авганистан, додека илјадници луѓе дојдоа на аеродромот во, обидувајќи се да побегнат од тврдокорното владеење на исламистите.
2021 година низ фотографии
Азербејџански војници носат портрети на војници и цивили кои беа убиени за време на Втората карабашка војна на комеморативниот марш на годишнината од почетокот на војната во центарот на Баку, Азербејџан, 27 септември 2021 година.&nbsp;
19/27 Азербејџански војници носат портрети на војници и цивили кои беа убиени за време на Втората карабашка војна на комеморативниот марш на годишнината од почетокот на војната во центарот на Баку, Азербејџан, 27 септември 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Американски војник на НАТО патролира во близина на границата меѓу Косово и Србија во Јариње на 2 октомври 2021 година додека Србите ги отстрануваат камионите и автомобилите со кои порано ја блокираа границата со Косово. - Србија и Косово постигнаа договор на 30 септември за ставање крај на тензичниот судир на нивната граница, рече претставникот на ЕУ Мирослав Лајчак. Двете соседни земји беа во расправија повеќе од 10 дена откако Косово забрани возила со српски регистарски таблички да влегуваат на негова територија како реципроцитет на долгогодишната српска практика против возилата кои патуваат на другата страна.&nbsp;
20/27 Американски војник на НАТО патролира во близина на границата меѓу Косово и Србија во Јариње на 2 октомври 2021 година додека Србите ги отстрануваат камионите и автомобилите со кои порано ја блокираа границата со Косово. - Србија и Косово постигнаа договор на 30 септември за ставање крај на тензичниот судир на нивната граница, рече претставникот на ЕУ Мирослав Лајчак. Двете соседни земји беа во расправија повеќе од 10 дена откако Косово забрани возила со српски регистарски таблички да влегуваат на негова територија како реципроцитет на долгогодишната српска практика против возилата кои патуваат на другата страна. 
2021 година низ фотографии
Часовник и икона на Богородица на фрижидер во една од салите на делот за &bdquo;ковид 19&ldquo;, во Националниот институт за пневмологија &bdquo;Мариус Наста&ldquo;, во Букурешт, Романија, 15 октомври 2021 година.&nbsp;
21/27 Часовник и икона на Богородица на фрижидер во една од салите на делот за „ковид 19“, во Националниот институт за пневмологија „Мариус Наста“, во Букурешт, Романија, 15 октомври 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Манекенка пред ревијата на Централноевропската модна недела во Будимпешта, Унгарија, 17 октомври 2021 година.
22/27 Манекенка пред ревијата на Централноевропската модна недела во Будимпешта, Унгарија, 17 октомври 2021 година.
2021 година низ фотографии
Стотици мигранти кампуваат на белоруската страна на границата со Полска во близина на Кузница, Полска, 10 ноември 2021 година.
23/27 Стотици мигранти кампуваат на белоруската страна на границата со Полска во близина на Кузница, Полска, 10 ноември 2021 година.
2021 година низ фотографии
Жена држи маска со кислород на лицето на своето бебе кое боледува од коронавирус во одделението на детската болница во Киев на 16 ноември 2021 година.&nbsp;
24/27 Жена држи маска со кислород на лицето на своето бебе кое боледува од коронавирус во одделението на детската болница во Киев на 16 ноември 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Работник на Фондацијата Ал-Хидмат прска против комарци за да го спречи избувнувањето на денга треска во Карачи, Пакистан, 7 декември 2021 година.
25/27 Работник на Фондацијата Ал-Хидмат прска против комарци за да го спречи избувнувањето на денга треска во Карачи, Пакистан, 7 декември 2021 година.
2021 година низ фотографии
Украински војник се одмора во близина на борбена позиција на линијата на одвојување од проруските бунтовници во близина на Катеринивка, Доњецк, Украина, вторник, 7 декември 2021 година. Украинските власти претходно ја обвинија Русија дека испраќа тенкови и снајперисти на линијата за контакт во источна Украина разурната од војна за да &bdquo;провоцира возвратен оган&ldquo;.
26/27 Украински војник се одмора во близина на борбена позиција на линијата на одвојување од проруските бунтовници во близина на Катеринивка, Доњецк, Украина, вторник, 7 декември 2021 година. Украинските власти претходно ја обвинија Русија дека испраќа тенкови и снајперисти на линијата за контакт во источна Украина разурната од војна за да „провоцира возвратен оган“.
2021 година низ фотографии
Авганистански жени облечени во бурка седат пред салон за убавина со слики на жени прекриени со спреј во Џалалабад на 13 декември 2021 година.
27/27 Авганистански жени облечени во бурка седат пред салон за убавина со слики на жени прекриени со спреј во Џалалабад на 13 декември 2021 година.
2021 година низ фотографии
Previous slide
Next slide


На 13 февруари Сенатот на САД гласаше за ослободување на поранешниот претседател Доналд Трамп, откако Претставничкиот дом предводен од демократите го отповика за неговата улога во поттикнувањето на нападот на толпата на Капитол на 6 јануари.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го одржува својот прв митинг после претседателските избори на саемот на округот Лорејн во Велингтон, Охајо, САД, 26 јуни 2021 година.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го одржува својот прв митинг после претседателските избори на саемот на округот Лорејн во Велингтон, Охајо, САД, 26 јуни 2021 година.

Импичментот во Домот е сличен на кривичното обвинение. Трамп беше отповикан и претходно, во 2019 година, за злоупотреба на моќта и опструкција на Конгресот. Тој е првиот американски претседател кој е двапати отповикуван и првиот на кој му се суди за импичмент откако ја напушти функцијата.

На 18 февруари вселенското летало на НАСА Perseverance успешно слета на кратер на Марс именуван по босанскиот град Језеро по седуммесечно патување од Земјата. Роверот Perseverance со шест тркала е деветтото вселенско летало кое успешно слета на Марс, сите од САД. НАСА се здружува со Европската вселенска агенција за да врати примероци од карпи кои би можеле да помогнат да се открие дали некогаш постоел живот на планетата.

На 23 март - товарниот брод долг 400 метри, Ever Given, се заглави дијагонално во јужниот дел на Суецкиот канал, блокирајќи го еден од најпрометните водни патишта во светот.

По блокадата на Суецкиот канал, Русија го нуди Арктикот

Инцидентот запре стотици бродови што се движеа низ каналот, дополнително нарушувајќи ја глобалната бродска мрежа веќе затегната од пандемијата на коронавирус. Багери и реморкери успеаја да го ослободат бродот по шестдневен напор.

На 14 април американскиот претседател Џо Бајден ја објави својата одлука да ги повлече сите американски војници од Авганистан до 11 септември. „Сега сум четвртиот претседател на Соединетите држави кој претседава додека американските војници во Авганистан. Двајца републиканци. Двајца демократи. Оваа одговорност нема да ја префрлам на петти претседател. По тесно консултација со нашите сојузници и партнери, со нашите воени лидери и разузнавачки персонал, со нашите дипломати и нашите експерти за развој, со Конгресот и потпретседателот, како и со многу други ширум светот, заклучив дека е време да се стави крај на најдолгата војна на Америка. Време е за Американците војниците да се вратат дома“, рече Бајден.

Американскиот претседател Џо Бајден дава забелешки за Авганистан за време на говорот во Белата куќа во Вашингтон
Американскиот претседател Џо Бајден дава забелешки за Авганистан за време на говорот во Белата куќа во Вашингтон

Објавата уследи по претходен договор за целосно повлекување на американската војска меѓу администрацијата на Трамп и талибанците. Бајден рече дека повлекувањето на преостанатите 2.500 американски војници во Авганистан ќе започне на 1 мај. Тој вети континуирана поддршка за авганистанската влада, но не и воена поддршка.

Израелскиот премиер во ОН: Иран е закана за светската безбедност

Истиот ден 14 април иранските лидери го обвинија Израел дека играл улога во инцидентот што ја прекина струјата во нуклеарната постројка Натанц два дена претходно. Израел ниту потврди ниту негираше вмешаност, но повеќе израелски медиуми цитираа разузнавачки извори кои велат дека шпионската служба Мосад извршила успешна саботажа на локацијата Натанц.

Како одговор на инцидентот, Иран најави дека ќе започне со збогатување ураниум до 60 проценти чистота, највисоко ниво до сега. Таа одлука се закануваше да ги поткопа разговорите меѓу Техеран и светските сили да го оживеат нуклеарниот договор од 2015 година, кој ги ограничи нуклеарните активности на Иран.

Во почетокот на мај тензиите меѓу Израел и исламистичката група Хамас прераснаа во најтешките борби во регионот во последните години. Израелската полиција се судри со Палестинците пред џамијата Ал Акса на 7 мај, додека демонстрантите го изразија својот гнев поради ограничувањата на нивното движење и заканите за иселување на палестинските семејства.

На 10 мај, Хамас, кој ја контролира Газа, лансираше ракети кон Ерусалим и неговите предградија. Израел возврати на Газа со низа воздушни напади. Стотици Палестинци и најмалку десетина Израелци беа убиени пред да стапи на сила примирјето на 21 мај.


На 10 мај Светската здравствена организација идентификуваше високо заразен вид на ковид-19 во Индија како „варијанта на загриженост“. Наречен „Делта“ варијанта, тој стана доминантен вид на вирусот ширум светот до средината на јули, предизвикувајќи нови скокови на инфекции.

Светската здравствена организација предупреди дека се очекуваат нови варијанти. „Ќе продолжиме да гледаме варијанти кои се појавуваат, ќе продолжиме да гледаме варијанти загрижувачки ширум светот и мораме да направиме сѐ што можеме за навистина да го ограничиме ширењето: да ги ограничиме инфекциите и да ги намалиме тешките болести и смртните случаи со алатки што ги имаме при рака“, изјави Марија Ван Керкове, од СЗО

На 23 мај Белорусија го приземји комерцијалниот лет на Рајанер од Грција за Литванија додека летал низ белорускиот воздушен простор, наведувајќи ја заканата за бомба која се покажала како лажна. Кога авионот слета во Минск, белоруските власти уапсија двајца патници, опозицискиот блогер Раман Пратасевич и неговата девојка Софија Сапега.

Немало закана за бомба во авионот на Рајанер кој принудно слета во Минск, утврди истрагата

„Се викам Раман Пратасевич. Вчера бев приведен на националниот аеродром во Минск. Сега сум во притворниот центар во Минск бр. 1. Можам да кажам дека немам никакви здравствени проблеми. Полицајците со мене се однесуваат соодветно и во согласност со законот. Исто така, сега продолжувам да соработувам со истрагата и дадов признание за организирање масовни протести во Минск“, изјави подоцна Пратасвич.

Западните влади и белоруските опозициски групи го осудија Минск поради апсењото. Пратасевич се соочува со обвиненија дека стои зад протестите што следеа по спорните претседателски избори во август 2020 година, дело казниво до 15 години затвор. Тој и Сапега остануваат во домашен притвор.

Најдоброто од фотографите на РСЕ во 2021

Деца во автобус за време на фестивалот &bdquo;валенки&ldquo; во Кукмор, Русија, на 5 јануари
1/37 Деца во автобус за време на фестивалот „валенки“ во Кукмор, Русија, на 5 јануари
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Србите го слават православниот Бадник во храмот Свети Сава во Белград на 6 јануари.
2/37 Србите го слават православниот Бадник во храмот Свети Сава во Белград на 6 јануари.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Прославата на зимскиот празник Маланка во селото Краснојилск во западна Украина на 14 јануари.
3/37 Прославата на зимскиот празник Маланка во селото Краснојилск во западна Украина на 14 јануари.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Прослава на Богојавление во Алмати, Казахстан, на 18 јануари.
4/37 Прослава на Богојавление во Алмати, Казахстан, на 18 јануари.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Полицијата апси маж за време на маршот за ослободување на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални во Казан, Русија, на 31 јануари.
5/37 Полицијата апси маж за време на маршот за ослободување на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални во Казан, Русија, на 31 јануари.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Човек пали свеќа за време на денот на сеќавање на жртвите на комунизмот во Бугарија, Софија, на 1 февруари.
6/37 Човек пали свеќа за време на денот на сеќавање на жртвите на комунизмот во Бугарија, Софија, на 1 февруари.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Белоруските новинарки Катсијарина Андрејева (десно) и Дарја Чулцова на судење во Минск, Белорусија, на 9 февруари. Тие беа осудени на две години затвор за &bdquo;организирање јавни настани насочени кон нарушување на граѓанскиот ред&ldquo;. Казната нашироко се смета за политички мотивиран одговор на нивното известување за антирежимските протести во Белорусија.
7/37 Белоруските новинарки Катсијарина Андрејева (десно) и Дарја Чулцова на судење во Минск, Белорусија, на 9 февруари. Тие беа осудени на две години затвор за „организирање јавни настани насочени кон нарушување на граѓанскиот ред“. Казната нашироко се смета за политички мотивиран одговор на нивното известување за антирежимските протести во Белорусија.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Еден човек пали свеќа во Киев, Украина, на 18 февруари, на споменикот во чест на &bdquo;Небесната стотка&ldquo;, 104-те луѓе убиени од безбедносните сили за време на антивладините протести во 2014 година.
8/37 Еден човек пали свеќа во Киев, Украина, на 18 февруари, на споменикот во чест на „Небесната стотка“, 104-те луѓе убиени од безбедносните сили за време на антивладините протести во 2014 година.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Активист е соочен со полицајци за време на протестот во Алмати, Казахстан, на 28 февруари.
9/37 Активист е соочен со полицајци за време на протестот во Алмати, Казахстан, на 28 февруари.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Споменикот на Мајка Ерменија во Ереван, Ерменија, на 5 март.
10/37 Споменикот на Мајка Ерменија во Ереван, Ерменија, на 5 март.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Жени на маршот за родова еднаквост на Меѓународниот ден на жената во Киев, Украина, 8 март.
11/37 Жени на маршот за родова еднаквост на Меѓународниот ден на жената во Киев, Украина, 8 март.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Скијач изведува драматичен скок за време на 18. Светско првенство во скијање во слободен стил во Алмати, Казахстан, на 11 март.
12/37 Скијач изведува драматичен скок за време на 18. Светско првенство во скијање во слободен стил во Алмати, Казахстан, на 11 март.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Дрвени крстови ги обележуваат гробиштата на 42 затвореници убиени за време на востанието во 1953 година во логорот за принудна работа Воркута во Русија.
13/37 Дрвени крстови ги обележуваат гробиштата на 42 затвореници убиени за време на востанието во 1953 година во логорот за принудна работа Воркута во Русија.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Лекар прегледува пациент во болница која е преполна со пациенти со ковид-19 во Лавов, Украина, на 6 април.
14/37 Лекар прегледува пациент во болница која е преполна со пациенти со ковид-19 во Лавов, Украина, на 6 април.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Украински војник милува куче во регионот Доњецк, источна Украина, на 17 април.
15/37 Украински војник милува куче во регионот Доњецк, источна Украина, на 17 април.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Маж во остатоци од куќа во провинцијата Баткен, Киргистан, на 4 мај, по смртоносните вооружени судири долж киргистанско-таџичката граница.
16/37 Маж во остатоци од куќа во провинцијата Баткен, Киргистан, на 4 мај, по смртоносните вооружени судири долж киргистанско-таџичката граница.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Жена на планината Чатир-Даг во Крим, Украина, на 16 мај. Кримските Татари секоја година се искачуваат на планината за да го почитуваат споменот на оние кои загинале за време на депортацијата на кримските Татари во 1944 година.
17/37 Жена на планината Чатир-Даг во Крим, Украина, на 16 мај. Кримските Татари секоја година се искачуваат на планината за да го почитуваат споменот на оние кои загинале за време на депортацијата на кримските Татари во 1944 година.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Лекар прави тест со брис за ковид-19 во Бишкек, Киргистан, на 24 мај.
18/37 Лекар прави тест со брис за ковид-19 во Бишкек, Киргистан, на 24 мај.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Католички верници во шумска капела во близина на селото Дубок во Белорусија на 4 јули. Капелата е отворена само еднаш годишно.
19/37 Католички верници во шумска капела во близина на селото Дубок во Белорусија на 4 јули. Капелата е отворена само еднаш годишно.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Собир во зградата на парламентот во Тбилиси, Грузија, за поддршка на ЛГБТ Прајд, на 6 јули. Екстремно десничарските активисти нападнаа некои собири во градот, што резултираше со смрт на снимател и десетици повредени.
20/37 Собир во зградата на парламентот во Тбилиси, Грузија, за поддршка на ЛГБТ Прајд, на 6 јули. Екстремно десничарските активисти нападнаа некои собири во градот, што резултираше со смрт на снимател и десетици повредени.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Луѓе на протестот наречен &bdquo;Цвеќе на Украина&ldquo; во Киев на 12 јули. Активистите демонстрираа против уривањето на доцносоветска модернистичка зграда.
21/37 Луѓе на протестот наречен „Цвеќе на Украина“ во Киев на 12 јули. Активистите демонстрираа против уривањето на доцносоветска модернистичка зграда.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Човек продава овца на сточен пазар на празникот Курбан Аит во регионот Алмати, Казахстан, на 20 јули.&nbsp;
22/37 Човек продава овца на сточен пазар на празникот Курбан Аит во регионот Алмати, Казахстан, на 20 јули. 
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Војник и девојче го гледаат маршот на Денот на независноста во Киев, Украина, која одбележа 30 години од државноста на 24 август 2021 година.
23/37 Војник и девојче го гледаат маршот на Денот на независноста во Киев, Украина, која одбележа 30 години од државноста на 24 август 2021 година.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Тинејџери се обидуваат да фатат сигнал за интернет во селото Чеботарево, во регионот на Западен Казахстан, на 27 август.
24/37 Тинејџери се обидуваат да фатат сигнал за интернет во селото Чеботарево, во регионот на Западен Казахстан, на 27 август.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Војници на парадата по повод 30-годишнината од независноста на Киргистан на плоштадот Ала-Ту во Бишкек, на 31 август.
25/37 Војници на парадата по повод 30-годишнината од независноста на Киргистан на плоштадот Ала-Ту во Бишкек, на 31 август.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Украинските параолимпијци беа пречекани на аеродромот во Киев од Параолимписките игри во Токио 2020 година на 5 септември.
26/37 Украинските параолимпијци беа пречекани на аеродромот во Киев од Параолимписките игри во Токио 2020 година на 5 септември.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Хасидски Евреи присуствуваат на прославите на Рош Хашана во Уман, Украина, на 8 септември.
27/37 Хасидски Евреи присуствуваат на прославите на Рош Хашана во Уман, Украина, на 8 септември.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Две девојчиња во клас во Бишкек откако училиштата повторно беа отворени во Киргистан на 15 септември.
28/37 Две девојчиња во клас во Бишкек откако училиштата повторно беа отворени во Киргистан на 15 септември.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Подготовки за церемонија во Бабин Јар, Киев, Украина, на 29 септември. Оваа година беше одбележана 80-годишнината од масакрот во Бабин Јар, едно од најголемите масовни колежи на Евреи за време на Втората светска војна.
29/37 Подготовки за церемонија во Бабин Јар, Киев, Украина, на 29 септември. Оваа година беше одбележана 80-годишнината од масакрот во Бабин Јар, едно од најголемите масовни колежи на Евреи за време на Втората светска војна.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Авганистански жени собираат цвет на шафран во Херат, Авганистан, на 11 ноември. Растението се смета за алтернатива на одгледувањето афион во сиромашните рурални региони во земјата.&nbsp;
30/37 Авганистански жени собираат цвет на шафран во Херат, Авганистан, на 11 ноември. Растението се смета за алтернатива на одгледувањето афион во сиромашните рурални региони во земјата. 
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Грузијците на 15 ноември во Тбилиси се собраа за поддршка на Михаил Саакашвили, кој штрајкуваше со глад во затворот. Саакашвили, претседател на Грузија од 2004 до 2013 година, беше уапсен веднаш по враќањето од самонаметнатиот егзил во Украина.
31/37 Грузијците на 15 ноември во Тбилиси се собраа за поддршка на Михаил Саакашвили, кој штрајкуваше со глад во затворот. Саакашвили, претседател на Грузија од 2004 до 2013 година, беше уапсен веднаш по враќањето од самонаметнатиот егзил во Украина.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Авганистанци кои бегаат од својата татковина по преземањето на Талибанците преминуваат во Пакистан на граничниот премин Чаман на 17 ноември.
32/37 Авганистанци кои бегаат од својата татковина по преземањето на Талибанците преминуваат во Пакистан на граничниот премин Чаман на 17 ноември.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Ветерниот парк Бајгора, Косово, на 18 ноември. Косово добива само 3-5 насто од својата енергија од обновливи извори и е една од многуте балкански земји што се соочи со недостиг на енергија оваа зима.<br />
&nbsp;
33/37 Ветерниот парк Бајгора, Косово, на 18 ноември. Косово добива само 3-5 насто од својата енергија од обновливи извори и е една од многуте балкански земји што се соочи со недостиг на енергија оваа зима.
 
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Националниот историски музеј во Бишкек, Киргистан, повторно беше отворен по реновирањето на 19 ноември.
34/37 Националниот историски музеј во Бишкек, Киргистан, повторно беше отворен по реновирањето на 19 ноември.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Илјадници рудари ја прекинаа работата во рудниците за јаглен во Босна и Херцеговина на 23 ноември и протестираа пред седиштето на владата во Сараево барајќи подобри работни услови и повисоки плати.
35/37 Илјадници рудари ја прекинаа работата во рудниците за јаглен во Босна и Херцеговина на 23 ноември и протестираа пред седиштето на владата во Сараево барајќи подобри работни услови и повисоки плати.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Украински војник на фронтот соочен со сепаратистите поддржани од Русија во регионот Луганск во источна Украина, на 7 декември. Тензиите се зголемуваат во регионот бидејќи Русија собра околу 100.000 војници на својата граница со Украина.
36/37 Украински војник на фронтот соочен со сепаратистите поддржани од Русија во регионот Луганск во источна Украина, на 7 декември. Тензиите се зголемуваат во регионот бидејќи Русија собра околу 100.000 војници на својата граница со Украина.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Снежен ден во Сараево, Босна, на 13 декември.
37/37 Снежен ден во Сараево, Босна, на 13 декември.
Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Previous slide
Next slide


На 18 јуни тврдокорниот Ебрахим Раиси победи на претседателските избори во Иран со речиси 62 отсто од гласовите. Официјалната излезност беше помала од 49 отсто, што е најниско за кое било претседателско гласање од Исламската револуција во 1979 година.

Кој е Ебрахим Раиси, новиот претседател на Иран

Раиси беше еден од судиите во 1988 година кој надгледуваше серија судења во кои беа егзекутирани илјадници политички затвореници. Организациите за човекови права велат дека тој е виновен за злосторства против човештвото, а САД го ставија под санкции.

На 11 јули милијардерот Ричард Бренсон стигна до работ на вселената со ракетен авион дизајниран од неговата компанија Вирџин Галактик, станувајќи првиот човек што полета во вселената со брод изграден од нивна компанија. „За сите вас деца долу и јас некогаш бев дете со сон, гледајќи нагоре кон ѕвездите. Сега, јас сум возрасен во вселенски брод со многу други возрасни кои гледаат надолу кон нашата прекрасна, прекрасна земја. За следната генерација на сонувачи, ако можеме да го направиме ова, само замислете што можете да направите вие“, изјави Бренсон.

Бизнисменот милијардер Џеф Безос и пионерската жена авијатичарка Воли Фанк излегуваат од нивната капсула по нивниот лет со ракетата Њу Шепард на Blue Origin на првиот суборбитален лет без пилот во светот во близина на Ван Хорн, Тексас, САД, 20 јули 2021 година
Бизнисменот милијардер Џеф Безос и пионерската жена авијатичарка Воли Фанк излегуваат од нивната капсула по нивниот лет со ракетата Њу Шепард на Blue Origin на првиот суборбитален лет без пилот во светот во близина на Ван Хорн, Тексас, САД, 20 јули 2021 година

Неколку дена подоцна на 20 јули основачот на Амазон, Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, направи сличен лет на брод изграден од неговиот вселенски потфат Blue Origin. И на 15 септември, брод изграден од SpaceX на Илон Маск лансираше во орбитата со милијардер и уште тројца цивили во него. Сите мисии беа промовирани како знаменитости во развојот на вселенскиот туризам, но беа критикувани и како екстравагантни акробации за публицитет во „милијардерска вселенска трка“.

На 15 јули катастрофални поплави ја зафатија западна Германија во најголемата природна катастрофа во земјата во последните децении, при што загинаа повеќе од 170 луѓе. Од силни поплави беа погодени и делови од Белгија.

Поплавите беа дел од низата екстремни временски настани во 2021 година поврзани со ефектите од климатските промени. Летни шумски пожари предизвикани од сушата и екстремни горештини имаше низ големи делови од рускиот регион Јакутија, како и делови од Јужна Европа и западниот дел на Соединетите држави.

Разорните поплави во Германија и другите делови на западна Европа се опишани како „катастрофа“, „воена зона“ и „без преседан“, со повеќе од 150 загинати, 17 јули 2021 година.
Разорните поплави во Германија и другите делови на западна Европа се опишани како „катастрофа“, „воена зона“ и „без преседан“, со повеќе од 150 загинати, 17 јули 2021 година.


На 23 јули Летните олимписки игри беа отворени во Токио откако беа одложени во 2020 година поради пандемијата. На навивачите од Јапонија и од странство им беше забрането учество на Игрите и беа воведени строги ограничувања во обид да се задржи ширењето на вирусот. И покрај мерките, стотици спортисти и членови на персоналот беа позитивни на тестот за време на 16-дневниот настан.

Во август американските сили почнаа да се повлекуваат од Авганистан, а талибанските бунтовници постигнаа брзи територијални придобивки во борбите со авганистанските безбедносни сили во голем дел од земјата. Милитантите ги освоија градовите Херат, Кандахар и Џалалабад пред да го заземат главниот град Кабул, практично без никакво противење.

Американските војници го напуштија Кабул

Претседателот Ашраф Гани избега во Обединетите Арапски Емирати. Абдула Абдула, претседател на Високиот совет за национално помирување во Авганистан во видео објавено на Фејсбук, тогаш изјави: „Поранешниот претседател на Авганистан го напушти Авганистан. Тој ги доведе земјата и нацијата во ваква состојба“.

Оваа слика дистрибуирана од американските воздухопловни сили ја прикажува внатрешноста на Reach 871, C-17 Globemaster III кој лета од Кабул до Катар на 15 август 2021 година
Оваа слика дистрибуирана од американските воздухопловни сили ја прикажува внатрешноста на Reach 871, C-17 Globemaster III кој лета од Кабул до Катар на 15 август 2021 година

Десетици илјади цивили очајни да побегнат од Авганистан се упатија кон аеродромот во Кабул за да се обидат да фатат летови надвор од земјата. Соединетите Држави и нивните сојузници помогнаа да се евакуираат странски државјани, како и илјадници Авганистанци кои работеле со странски сили или групи, но многу повеќе Авганистанци не можеа да заминат.

Последниот воздушен транспорт на американските воздухопловни сили полета од аеродромот во Кабул кратко пред полноќ на 30 август, во пресрет на крајниот рок на претседателот Џо Бајден да го заврши повлекувањето на американските трупи. Повлекувањето на последните војници го означи крајот на 20-годишната војна на САД во Авганистан. Во Вашингтон, Бајден рече дека континуираното учество во авганистанскиот конфликт не е во „витален национален интерес“ на Соединетите држави.

На 11 септември Американците ја одбележаа 20-годишнината од терористичките напади во 2001 година во кои загинаа речиси 3.000 луѓе во Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија.

Нападите го поттикнаа 20-годишното воено учество на САД во Авганистан и „војната против тероризмот“ објавена од администрацијата на претседателот Џорџ Буш, во која беше вклучена и американската инвазија на Ирак во 2003 година.

На 20 септември на парламентарните избори во Русија, владејачката партија Единствена Русија, поддржана од Кремљ, го задржа своето мнозинство во Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.

Рускиот претседател Владимир Путин присуствува на далечинско електронско гласање за време на парламентарните избори во резиденцијата Ново-Огариово надвор од Москва, 17 септември 2021 година.
Рускиот претседател Владимир Путин присуствува на далечинско електронско гласање за време на парламентарните избори во резиденцијата Ново-Огариово надвор од Москва, 17 септември 2021 година.

Имаше широко распространети обвинувања за нерегуларности во гласањето и манипулации на гласачките ливчиња, а западните влади ја осудија климата на „заплашување“ во пресрет на гласањето.

Успехот на Единствена Русија се сметаше за важен дел од напорите на претседателот Владимир Путин да ја зацврсти својата контрола на власта пред можното негово учество на претседателските избори во 2024 година.

На 1 октомври Грузиските власти го уапсија поранешниот претседател Михаил Саакашвили неколку часа откако тој се врати од егзил во пресрет на локалните избори. Тој беше осуден во отсуство на вкупно девет години затвор откако беше прогласен за виновен за злоупотреба на овластувањата во два одвоени случаи.

„Можеби ќе бидам приведен сега во Тбилиси, но ќе се борам до крај. Утре, ние -- многу луѓе -- мора да излеземе на улиците и да победиме на овие избори“, изјави Саакашвили, наведувајќи дека обвиненијата против него биле политички мотивирани. Илјадници поддржувачи присуствуваа на протестите во Тбилиси барајќи негово ослободување.

Пречеците на Нова година низ целиот свет
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:52 0:00


На 8 октомври Нобеловата награда за мир беше доделена на Марија Реса и Дмитриј Муратов, двајца новинари кои ја бранеа слободата на печатот во нивните матични земји Филипините и Русија. Муратов е главен уредник на истражувачкиот весник Новаја газета, еден од ретките преостанати независни медиуми во Русија, кој покрива корупција, кршење на правата и конфликтот во Украина.

По објавувањето, Муратов им оддаде почит на шестмината новинари на Новаја газета кои беа убиени. На прашањето што значи „ оваа награда за него, тој изјави: „Ќе ви дадам директен одговор на ова прашање. Оваа награда е за Ана Политковскаја, Јуриј Шчекочихин, Игор Домников, Анастасија Бабурова, Стас Маркелов, Наташа Естемирова -- нашите паднати професионалци кои ги дадоа своите животи за својата професија. Јас не сум вистинскиот корисник за оваа награда“.

На 16 ноември хуманитарната криза се продлабочи откако мигрантите кои се обидуваат да влезат во ЕУпочнаа да кампуваат со несоодветна храна и засолниште долж полската граница на Белорусија.

На границата меѓу Полска и Белорусија, очајна битка на бегалец да го спаси своето семејство

Полските власти објавија видео снимки на кои се гледа како групи мигранти на граничниот премин Кузница фрлаат камења кон полските безбедносни сили, кои одговорија со водени топови, солзавец и блескави гранати.

Стотици мигранти кампуваат на белоруската страна на границата со Полска во близина на Кузница Бјалосточка, Полска, на оваа фотографија објавена од полското Министерство за одбрана, 10 ноември 2021 година
Стотици мигранти кампуваат на белоруската страна на границата со Полска во близина на Кузница Бјалосточка, Полска, на оваа фотографија објавена од полското Министерство за одбрана, 10 ноември 2021 година

Западните влади го обвинуваат Минск за оркестрирање на мигрантите, Авганистанци, Ирачани, Сиријци и други преку Белорусија кон ЕУ. Официјални лица велат дека овој потег има за цел да ја поткопа стабилноста на ЕУ како одмазда за нејзините санкции против Минск.

На 26 ноември Светската здравствена организација ја назначи Omicron варијантата на ковид-19 како варијанта за загриженост. За прв пат идентификувана во Јужна Африка, се смета дека варијантата е позаразна од доминантниот вид Делта и може да има поголема веројатност да предизвика реинфекција.

Но, прелиминарните докази сугерираа дека може да предизвика поблаги симптоми од неговите претходници. Претходно во ноември, потврдениот глобален број на смртни случаи од ковид-19 надмина 5 милиони.

На 28 ноември Киргистанските опозициски партии ги отфрлија прелиминарните резултати од парламентарните избори на 28 ноември, обвинувајќи ја Централната изборна комисија за измама.

Три провладини партии излегоа како победници на изборите, но лидерите на четири опозициски партии побараа од властите да ги поништат резултатите и да распишат нови избори. На веб-страницата на комисијата се вели дека повеќе од 122.000 гласачки ливчиња -- или околу 10 отсто од сите гласачки ливчиња -- биле прогласени за неважечки. Десетици поддржувачи на опозицијата се собраа во Бишкек на 29 ноември барајќи ново гласање.

На 6 декември украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети војниците во регионот на Доњецк во услови на зголемени докази за трупање руска војска во близина на границите на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети борбените позиции на фронтот со сепаратистите поддржани од Русија во регионот Доњецк на Денот на вооружените сили на Украина на 6 декември 2021 година.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети борбените позиции на фронтот со сепаратистите поддржани од Русија во регионот Доњецк на Денот на вооружените сили на Украина на 6 декември 2021 година.

Украинските лидери ја обвинија Русија дека собрала десетици илјади војници како подготовка за можна офанзива, но Русија негираше дека планира да нападне и тврди дека Украина и НАТО предизвикуваат тензии. Украинската армија се бори против сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина од 2014 година.

Новата германска влада со поддршка за С. Македонија и Албанија во ЕУ

На 8 декември пратениците во германскиот Бундестаг и дадоа долги овации на канцеларката Ангела Меркел која ја напушти функцијата. Меркел (67) се повлече од политиката по 16 години на функцијата германски канцелар. Социјалдемократот Олаф Шолц ја наследи, предводејќи ја коалицијата на левиот центар.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

This item is part of
XS
SM
MD
LG