Достапни линкови

Можни „вооружени протести“ пред инаугурацијата на Бајден


Упад на про-трамп демонстранти во Капитол, 06.01.2021
Упад на про-трамп демонстранти во Капитол, 06.01.2021

Американските безбедносни служби предупредиле на можни „вооружени протести низ САД пред и за време на инаугурацијата на Џо Бајден за претседател, која е закажана за 20-ти јануари.

Во дописот на ФБИ, до кој дошле некои американски медиуми, се вели дека такви протести се можни во сите 50 главни градови на американските држави, вклучувајќи го и Вашингтон.


Во повеќето држави, освен во Вашингтон ДЦ, носењето оружје е легално.

ФБИ исто така имало информација дека одредена група се заканила со упад во локални и федерални институции, судови и административни згради, доколку досегашниот претседател Доналд Трамп биде отстранет од функцијата предвреме, но и за време на инаугурацијата на Џо Бајден.

Имено, демократите во Претставничкиот дом ќе покренат импичмент за Трамп доколку потпретседателот Мајк Пенс не ја искористат уставната можност за отповикување на Трамп или не го принудат да си поднесе оставка.
Како реакција на информациите за можни нови насилства, Трамп доцна синоќа издаде итна декларација, според која, федералните служби за внатрешна безбедност, доколку е потребно, треба да се координираат со локалните власти. Декларацијата ќе биде во сила до 24-ти јануари.

Во меѓувреме, в.д. секретарот на Департментот за внатрешна безбедност Чад Волф, неочекувано си поднесе оставка, а на таа позиција го наименува Пит Гејнор.

Синоќа, во Белата Куќа, Доналд Трамп имал средба со потпретседателот Мајк Пенс, што се смета за сигнал дека Пенс нема да го прифати барањето на демократите за прекинување на мандатот на Трамп на неколку дена пред инаугурацијата на Бајден за претседател на САД. Ова е прва средба на Трамп и Бајден од насилните протести на приврзаниците на Трамп и упадот во Конгресот на 6-ти јануари.

Трамп и Пенс повториле дека оние што го прекршија законот и упаднаа во Капитол, не го претставуваат американското движење, подржано од 75 милиони американци.

Демократите во Претставничкиот дом имаат намера деновиве да го стават на гласање импичментот за Трамп и се очекува да биде изгласан.
Но, потоа процедурата продолжува во Сенатот, а малку е вреојатно дека тоа ќе се случи пред 20-ти јануари, кога му истекува мандатот на Трамп. Исто така, за да помине импичментот во Сенатот, потребно е дво-третинско мнозинство, односно, за тоа да гласаат и 17 републиканци, што е малку веројатно.

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG