Достапни линкови

Некултурен натпревар меѓу народите


Споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје
Споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје

Њузлетер 27.01.2023 - Како и зошто дојде до толкаво заострување на македонско - бугарските односи? Кому е од интерес разгорување омраза меѓу двата народа? 

Гоце Делчев стана безбедносен проблем

Како го разбираат светот некои од денешните политичари и во Македонија и во Бугарија? Сигурно не како поле за културен натпревар меѓу народите. Да не зборуваме за оние најрадикалните, кои се закануваат дури и со атентати.

Тензиите меѓу двете земји, интензивирани во последно време, дојдоа дотаму што одбележувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев стана безбедносен проблем. Реториката се заострува, зачестуваат инциденти. Американската амбасадорка Анџела Агелер порача дека е од критична важност разговорите меѓу Скопје и Софија да бидат смирени и рационални. Според претседателот Пендаровски, има и „руско масло“ во разгорувањето на реториката.

Османи: Диспропорционална реакција е повлекувањето на бугарскиот амбасадор
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:33 0:00

Односите меѓу Македонија и Бугарија се напнати во изминатите повеќе од две години, откако Софија ги блокираше македонските евроинтеграции поради историски, јазичен и идентитетски спор. Блокадата делумно се надмина летоска и преговорите на земјава со ЕУ почнаа условено. Бугарија го условува отворањето на поглавјата со внесување на Бугарите во македонскиот Устав, за што во моментов го нема потребното двотретинско мнозинство.

Кога би можеле да влезат Бугарите во Уставот?

Културен натпревар нема ни меѓу власта и опозицијата во Македонија, за речиси ниедно прашање, па и за македонско – бугарскиот спор. ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори и тврди дека никој од нивните пратеници нема да гласа за внесување на Бугарите во Уставот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека предвремени избори нема да го решат проблемот со потребното двотретинско мнозинство за промена на Уставот. Веројатно е во право, со оглед на можниот исход на изборите. Најави отворање на дебата за ова прашање летоска, но не кажа и како до 80 пратеници ЗА. Со „убедување“ како по примерот со Преспанскиот договор? Тешко.
А, со однесувањето и провокациите од одредени личности од Бугарија, уште потешко.

И за лекови се напушта државата

Додека „културно“ се натпреваруваме со Бугарија, Македонија ја напуштаат се поголем број семејства. Во второ полугодие во Штип снема 80-тина деца, а, над 30 во Кавадарци. Причините можеме да ги претпоставиме.
Но, најтрагично е што државата сакаат да ја напуштат и семејства во кои има болни со ретки болести, а нема лекови за нив. Државата им го ускратува основното човеково право, право на живот.

„Го гледаш, дете твое, се мачи не можеш да му помогнеш. Неможе да се опише тоа чувство, некој да ти каже нема пари за ова. Јас по секоја цена ќе гледам да излезам од државата затоа што нема ништо позначајно од детето мое“, ни изјави Слободан Катушевски, татко на девојче со цистична фиброза.

Ника - борец со цистична фиброза во држава која не набавува лекови
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

Главно е функционерите да си ги средат платите

За лекови нема пари, ама за плати во јавна администрација мора да има. Наместо да стави ред, новиот закон за плати во јавниот сектор ќе отвори нови проблеми. Според експертите, не може под иста капа да се ставаат сите делови од јавниот сектор. За синдикалците пак, законот ги поништува колективните договори и социјалниот дијалог, што може да доведе до пониски плати.

Законот, според неговиот предлагач, Министерството за информатичко општество, се однесува на примањата на над 132 илјади вработени во 1.346 јавни институции.
Ама не се платите главен проблем, потсети евроамбасадорот Дејвид Гир. Тој оцени дека на Македонија и е неопходна стручна, независна и професионална јавна администрација. Без тоа, како што нагласи, нема раст и развој. Не може да се каже, рече Гир, дека нема резултати во однос на реорганизацијата, но системот има слабости кои се секако нотирани, а евидентно е и премногу силно партиско влијание во одредени делови од администрацијата.

Дали Вучиќ навистина реши да ги нормализира односите со Косово?

Долго време и Србија и Косово водат „културен“ натпревар меѓу двата народа, кој, на крајот сепак мора да заврши со дијалог.
Најавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека е подготвен да работи на планот за нормализирање на односите со Косово донесе поделеност во српската политичка јавност.

На Косово, пак, велат дека сега топката била кај премиерот Албин Курти.

Украина добива тенкови за ослободување од руската окупација

Меѓу Русија и Украина нема никаков дијалог, а засега се чини дека не е ни можен.
По неколкунеделен интензивен притисок од сојузниците на НАТО и Киев, Германија се согласи да и донира напредни борбени тенкови Леопард 2 на Украина додека таа се подготвува за пролетна офанзива против руските сили.
Берлин им даде зелено светло и на другите членки на НАТО, како што е Полска, да ги префрлат тенковите Леопард 2 во Украина. Во исто време Соединетите Држави решија да испратат 31 борбен тенк Абрамс во Украина, што е еквивалент на еден баталјон.
Тенковите се „витален дел од рецептот“, изјави за РСЕ пензионираниот армиски мајор Џон Спенсер.


Воените злосторства на руските сили во Украина излегуваат на виделина

Рускиот војник Никита Чубрин бил испратен во Украина на почетокот на војната. Не сакал да се бори, но бил насила принуден. По неколку месеци решил да дезертира и побегнал во Шпанија. Тој сведочи за воените злосторства на руските сили во Украина.

Руски дезертер сведочи за воените злосторства во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:19 0:00

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG