Достапни линкови

За крупните афери „гинат ситни риби“


Луѓе шетаат пред Владата на Македонија
Луѓе шетаат пред Владата на Македонија

Њузлетер 20.01.2023

Милионски отштети од буџетот, никој не е виновен

Нема одговорност од никого за прекршување или поништување договори со компании а државата од буџетот исплаќа милионски отштети. Значи, некој со склучување на штетен договор, или пак со поништување на добар, го оштетил буџетот. Но, функционерите, и од власта и од опозицијата, како да имаат меѓусебен договор за општа амнестија, па никој за ништо не одговара.

Така на пример, за купопродажниот договор за рафинеријатаОКТА, државата сега треба да и плати 21 милион евра на грчката компанија „Хеленик Петролеум“. Околу 8 милиони евра отштета веќе побарала италијанската фирма што требаше заедно со две македонски фирми да го гради новиот Клинички центар вреден 72 милиони евра. Има и многу други.
Според Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии, во целиот процес има многу корупција, поткуп и личен профит на штета на државата, и на општинско и на централно ниво.

Крупни афери, а „гинат ситни риби“

Нема одговорност, ниту кривична ниту политичка ниту морална и за крупните афери во државата.
По филмското бегство од Идризово на затвореникот Беким Мемети, функцијата ја загуби само директорот на Управата за извршување санкции. Други лица од повисоките ешалони не беа „казнети“ од Владата. Само со суспензија на службеници завршија и низа други случаи, како аферата со државјанството на Онишченко, несреќата на автобусот на Беса Транс, македонските пасоши за над 200 странски државјани, меѓу кои и криминалци...

„Тие се луѓе обично недопирливи затоа што се дел од партискиот договор или втора варијанта, тие се клучни луѓе на патот до парите и на патот до власта и затоа не може никогаш да лоцирате точна одговорност и кога цела јавноста знае, тоа луѓето на власт не го знаат“, вели Александар Цветковски, претседател на невладината организација АГТИС.

Осиромашувањето на народот ќе продолжи

Никој не е виновен и за рекордната инфлација во Македонија, највисока во регионот.
Според извештајот на Светска банка, Северна Македонија е лидер во регионот по раст на инфлацијата.

Во декември таа изнесувала 18,7 %, што значи дека на 100-те денари што ги имаме во џебот, реалната вредност им станала 81,3 денари. За споредба со регионот, инфлацијата во Црна Гора е пониска и изнесува 17,5 %, во Србија 15,1 отсто.

Инфографика - Корисници на социјална парична помош 2014 - 2021
Инфографика - Корисници на социјална парична помош 2014 - 2021

„Виновници“ се медиумите

Кога нема никаква одговорност кај функционерите, најлесно е вината да се бара кај новинарите и медиумите кои ги објавуваат аферите. На ниедна власт не и се сите медиуми по ќеиф.
Со оценки и етикетирање за уредувачката политика на одредени медиуми во рок од два дена излегоа и премиерот Димитар Ковачевски и најголемиот коалиционен партнер во Владата, Али Ахмети.

Тоа пак, наиде на осуди од медиумските здруженија и организации, а опозицијата, пак, оцени дека Ковачевски и Ахмети им објавиле војна на медиумите. И претходникот на сегашниот премиер Димитар Ковачевски, Зоран Заев „оценуваше“ работа на медиуми, а тоа жестоко го правеше некогашниот премиер Никола Груевски.

Дигитализација на нарко бизнисот на Балканот

Количините на запленета дрога се намалуваат, нарко-пазарот се дигитализира и модернизира, а мрежите и групите од Западен Балкан се битен дел од нарко-бизнисот во Европа, покажува извештајот на Европскиот центар за следење на дрога објавен на крајот на 2022.

Криминалните мрежи во Западен Балкан, според извештајот, усвоиле шифрирана комуникација и користат онлајн пазари и крипто валути за да се обидат да ја покријат трагата на парите.
Друг проблем на регионот е корупцијата, која, како што се вели, делува како посредник за консолидација и проширување на криминалната мрежа од Западен Балкан.

Инфографика - Проценета достапност до дрога во Западен Балкан во 2019
Инфографика - Проценета достапност до дрога во Западен Балкан во 2019

Вештачка интелигенција - револуција или ризик за образованието

Зошто да трошам часови на пишување есеј или семинарска ако робот може да ја напише за мене за помалку од половина минута? Според младите со кои разговаравме, вака размислуваат дел од средношколците и студентите во Македонија откако дознале за алатката за вештачка интелигенција ChatGPT. Наставниците од средните училишта кои ги контактиравме од нас за првпат слушнаа дека постои нешто вакво.

Алатки за вештачка интелигенција - револуција или ризик за образованието
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:01 0:00

Метеорoлошка станица во кутија

Меѓу младите има и иноватори. Во собата на средношколецот Филип Милевски од Скопје на сите страни, во секоја фиока и во секое шкафче, има по некоја иновација, по некој пронајдок... Од десетиците иновации на овој вљубеник во технологијата и електрониката, одбравме да ни ја претстави Мини метеоролошката станица во кутија, за која ја добил првата награда на Макинова 2022. Филип, вели дека оваа негова иновација може да има сериозна примена во земјоделството, но и да биде практична алатка за децата со неа да учат како се собираат и пренесуваат метеоролошки информации по дигитален пат.

Филип Милевски: Метеорoлошка станица во кутија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:56 0:00
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG