Достапни линкови

Што е реагенс и зошто е потребно масовно тестирање за коронавирус?


илустрација

Глобалната пандемија на коронавирус ја истакна нашата ранливост од недостаток на реагенси, предизвикан од ненадејната побарувачка, забраните за извоз и складирањето.

Реагенсите се неопходни за тестирање во борбата против коронавирусот.

Тие се главна состојка на кој било тест базиран врз хемикалии, кој во оваа пандемија вклучува неоргански раствори и ензими, создадени за да одговараат на геномот на коронавирусот.

И тие се неопходност во комплетите тестови за коронавирусот кои се од суштинско значење во борба против ковид-19, болест слична на пневмонија која уби десетици илјади луѓе откако се појави во централна Кина во ноември.

Тавилах – Брзите тестови за коронавирус сè уште не се препорачуваат од СЗО

Важноста на реагенсите се зголемува со оглед на тоа што владите најавуваат масовни тестирања покрај строгите мерки за затворање на луѓето по домовите.

Тоа пак, ја нагласи ранливоста од недостаток на реагенси предизвикана од ненадејната побарувачка, забраните за извоз и складирањето.

Како и каде се прави тест на коронавирус во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:14 0:00

Дејвид Смит, ко-директор на еден од американските Национални институти за истражување за Радио Слободна Европа вели: „Знаете, ние секогаш имавме доволно капацитети да ги вршиме тестовите што ни беа потребни. Не размислувавме за складирање за да мораме да тестираме за нова пандемија“.

Без реагенси нема веродостојни тестови

Основното во масовното тестирање на луѓето е можноста не само да се види кој е заразен, туку и да се забележат антитела кои сигнализираат дека некој бил заразен и сега има можен имунитет.

Најшироко применети тестови досега се оние со земање брис за собирање генетски материјал што потоа се извлекува, се размножува и се засилува во лабораторија.

Втората голема категорија на тестирање е земање примероци од крв за антитела генерирани од изложеност на вирусот во минатото.

Токму овој поредок тест на антитела е особено важен во овој прв бран на ковид-19.

илустрација
илустрација

Лекарите и креаторите на политики, според експертите, ќе треба да научат повеќе за асимптоматските и заздравени пациенти, бидејќи тие сакаат да ги релаксираат мерките за физичко дистанцирање.

Двата типа на тестирање бараат сложени и чисти реагенси.

„Тоа се различни видови хемикалии. Едната може да го извлече вирусот, другата да го засили вирусот, а третата да го открие вирусот”, вели Смит, додавајќи. „Но, целата таа хемија и сите тие ензими, соли и амортизери се само дел од она што се нарекува реагенс, потребен за тестот за антитела“.

Досега никогаш немало недостаток

До неодамна никогаш немало недостаток на хемиски реагенси.

Но, во пресрет на оваа пандемија, како што вели Дорис-Ен Вилијамс од британското здружение за дијагностицирање, „сите најголеми земји во светот сакаат иста работа во исто време“.

Кинеската побарувачка и забраната за извоз ги исушија глобалните снабдувања и го влошија недостигот на комплети за тестирање.

Тоа беше удар врз Европа, вториот „епицентар“ на коронавирусот, која брзо заостана во поседувањето комплети за тестирање.

Јужна Кореја испраќа тестови за коронавирусот во САД

Нешто слично се случи и во Соединетите држави, каде што Центрите за контрола и спречување на болести оценија дека „еден реагенс не функционира како што треба“.

Големите глобални провајдери на комплети за тестирање се обидуваат да го зголемат сопственото производство за да го нахранат профитабилниот европски и северноамерикански пазар.

„Не го складиравме. Само се потпиравме врз нашите платформи за редовно тестирање, а тие не се подготвени за тоа“, вели Смит, додавајќи:

„Мислам, беа направени повеќе грешки, но една од најголемите е тоа што немаме залихи од реагенси“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG