Достапни линкови

30.000 евра од кинеската амбасада за Министерството за здравство


Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо и министерот Венко Филипче

Кинеската амбасада во земјава денеска му донираше 1.930.000 денари или 30.000 евра на Министерството за здравство за справување со пандемијата со корона вирусот. Средствата се собрани од страна на Кинеската амбасада, а наскоро се очекува во земјава да пристигне и донацијата од кинеската Влада.

„Донацијата е подготвена, само треба да се договорат техничките детали околу преносот. Кога Кина ги преживуваше најтешките моменти, вашиот претседател и Министерството изразија голема поддршка. Затоа сега е момент да направиме нешто и ние за вас“, истакна кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо, кој лично му ја врачи донацијата на министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот изрази благодарност за донацијата и рече дека би било добро да разменат искуства со кинески епидемиолози и инфектолози, бидејќи вирусот во Кина е веќе во една поодмината фаза.

XS
SM
MD
LG