Достапни линкови

Светот во трка по вакцина за ковид-19


илустрација
илустрација

Повеќето експерти велат дека светот не може да очекува широко распространета вакцина пред почетокот на 2021 година и покрај невидените нивоа на соработка, олеснувањето на регулативата и огромниот скок во тестирањето врз луѓето.

Вакцините се незгодна работа.

До нив потешко се доаѓа, велат оние што се обидуваат да ги развијат и произведат за да ја пресретнат сегашната глобална пандемија со ковид-19, отколку тестовите, па дури и лековите.

Сите три - заедно со физичкото растојание и другите социјални мерки - се од суштинско значење за следење, лекување и искоренување на тековната појава.

Но, најголемите предизвици за широко распространето тестирање се материјалите и достапноста.

Што е реагенс и зошто е потребно масовно тестирање за коронавирус?

Работата на вакцината ги обновува комплексните прашања за нејзината ефикасност, долгорочниот и краткорочниот имунитет, прекумерната реакција и потенцијално смртоносна реакција кај инаку здравите луѓе.

САД - Фармацевт и дава на Џенифер Халер, лево, прва доза во клиничкото испитување во првата фаза за потенцијална вакцина за ковид-19,16 март 2020, Вашингтон
САД - Фармацевт и дава на Џенифер Халер, лево, прва доза во клиничкото испитување во првата фаза за потенцијална вакцина за ковид-19,16 март 2020, Вашингтон

Да не зборуваме за подвигот вакцини да им бидат обезбедени на милијарди луѓе против коронавирусот, кој инфицираше 2,5 милиони луѓе ширум светот, убивајќи скоро 180.000 луѓе, откако се појави во центарална Кина пред пет месеци.

„Развојот на вакцините е секогаш незгоден процес и траеподолго, затоа што мора да вакцинирате голем број луѓе“, вели Пол Стофелс, главен научник во фармацевтскиот гигант Џонсон и Џонсон.

Повеќето експерти сугерираат дека светот не треба да очекува широко распространета вакцина за ковид-19 пред почетокот на 2021 година и покрај невидени нивоа на соработка помеѓу академиците и фармацевтската индустрија.

Повеќе патеки

Десетици компании, лаборатории или индивидуални истражувачи тврдат дека работат на една или повеќе потенцијални вакцини.

Но, дури и најнапредните сè уште се во раните фази.

Развојот на вакцини историски трае околу 10 до 15 години.

Виролозите забележуваат дека сè уште нема лиценцирана вакцина против ХИВ, вирусот идентификуван во раните 80-ти години како причина за СИДА.

Меѓутоа, појавата на коронавируси како ебола, САРС, Мерс и Зика помогна да се забрза развојот на антивирусни вакцини.

Крвна плазма од оздравени, лек за заболени од коронавирус

Повеќето вакцини користат мртва или на друг начин деактивирана форма на вирусот - како што е вакцината против сипаници измислена пред повеќе од 200 години - или вметнат генетски материјал со цел вирусот да се трансформира во безопасен за да го наведе организмот да произведува антитела.

Друг пристап може да биде реафирмирање на постојните вакцини за да се намалат, дури и накратко, шансите за инфекција.

илустрација
илустрација

Сепак, многу истражувачи се надеваат на брз напредок на вакцина за ковид-19 со новата форма, позната како mRNA, во која мал геном што кодира како вирус се користи за да се поттикне имунолошки одговор.

Никогаш не е одобрена ваквата вакцина за широка употреба кај луѓето.

Но, во сегашната криза тие се тестираат врз животни и луѓе. „Основната наука е најдобра кога е конкурентна“, вели Сет Беркли, главен извршен директор на глобалната алијанса за вакцинирање „ГАВИ“ за „Економист“.

Тестирање луѓе

Таканареченото претклиничко тестирање врз животни започна неколку недели по објавувањето на геномот САРС-КоВ-2 во јануари, и како и обично вклучува мајмуни и глувци.

Сара Гилберт, професорка по вакцинологија на универзитетот Оксфорд, изненади многумина во минатата недела, кога изјави дека нејзиниот тим ќе започне клинички испитувања врз луѓе - до крајот на овој месец.

ЕУ - Донаторска конференција за вакцина против Ковид-19

Важно е да се прави разлика помеѓу тестирање на мали примероци - ваквите тестови на пациенти веќе се во тек во САД, Германија и Кина, и понатамошните тестови за осигурување безбедност и проценка на ефективноста.

Околу еден од три експериментални лекови никогаш не го минуваат второто тестирање кое пак може да трае со месеци и кое вклучува стотици пациенти.

Третата фаза се спроведува кај илјадници пациенти.

Но, ваквото истражување често трае неколку години.

Ентони Фаучи на прес конференција со претседателот на САД Доналд Трамп
Ентони Фаучи на прес конференција со претседателот на САД Доналд Трамп

Врвниот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи, во март изјави дека првата фаза на испитувања врз луѓето започнала „рекордно брзо“ и дека вакцината за ковид-19 е „итен приоритет на јавното здравство“.

Но, Фаучи е претпазлив во врска со временската рамка за најдоброто сценарио, велејќи дека тоа нема да биде „во блиска иднина“.

„Треба да бидете сигурни дека имате нешто што е безбедно и функционира“, изјави Фаучи.

Светската здравствена организација организираше група „научници, лекари, финансиери и производители“ од целиот свет, кои итно бараат вакцина за ковид-19.

Најбитна е соработката и споделувањето информации велат експертите.

„Ако научивме нешто, тоа е дека никој не смее да го повтори тој експеримент доколку не е успешен“, констатира Пол Стофелс.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG