Достапни линкови

ЕУ - Донаторска конференција за вакцина против Ковид-19


Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен

На 4-ти мај ЕУ ќе организира донаторска видео-конференција за собирање средства во борбата со коронавирусот, особено за развој на вакцина, најави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

„На 4 мај ќе одржиме донаторска конференција за да собереме помош за борба против коронавирусот. Ова ќе биде прва ваква конференција во историјата. Мора да создадеме вакцина. Тоа е светска задача, а кога вакцината ќе биде создадена, таа мора да биде еднакво достапна за сите земји во светот. За да се помогне тој процес, неопходно е финансирање и донаторска конференција која ќе го пополни финансискиот недостиг во оваа област. Тесно соработуваме со Светската здравствена организација и со другите меѓународни партнери и се надеваме дека нашата иницијатива ќе биде поддржана од сите земји“, рече таа.

XS
SM
MD
LG