Достапни линкови

Боки 13 колабирал во ЈО поради што не даде исказ за Рекет


Бојан Јовановски, познат како Боки 13, со возило на Брза помош беше однесен во болница, откако му се слоши кога од притвор беше доведен да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал.
Бојан Јовановски, познат како Боки 13, со возило на Брза помош беше однесен во болница, откако му се слоши кога од притвор беше доведен да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал.

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, денеска итно беше однесен во болница, откако му се слошило кога требаше да дада исказ во Обвинителството за случајот Рекет, каде што е првоосомничен.

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, со возило на Брза помош беше однесен во болница, откако му се слошило кога од притвор беше доведен да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал. Тој е првоосомничен во случајот Рекет. Неговиот адвокат претходно бараше пуштање од притвор поради влошена здравствена состојба, но Апелациониот суд пред неколку дена не му го уважи барањето.

Јовановски денеска требаше да даде исказ пред Обвинителството, но адвокатот Сашко Дукоски рече дека не бил во состојба зашто цело време повраќал. Екипата на Брзата помош половина час му укажуваше лекарска помош во Обвинителството, а потоа со носилки го внесоа во возилото и го однесоа во болница.

Дукоски потврди дека неговиот клиент е итно хоспитализиран. Тој рече дека Боки 13 во тоалетот во Обвинителството почнал да повраќа, му се слошило и се онесвестил.

„Непријатна сцена беше. Не случајно досега бил најмалку 20 пати во болница. Тој не даде исказ. Повраќаше во тоалетот и потоа колабираше. Многу лоша и грда сцена“, рече Дуковски пред Обвинителството.

Дукоски и претходно предупредуваше дека здравствената состојба на неговиот клиент не е добра и според него може да се опише и како животозагрозувачка. Здравјето на Јовановски е нарушено по операцијата за намалување на желудникот и по двете неуспешни операции на подврзување на тенкото црево.

Јовановски е осомничен за трговија со влијание. Осомничени во случајот се и Зоран Милески Кичеец, кој пред дваесетина дена беше пуштен од Шутка во домашен притвор, и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која исто така е во притвор.

Јовановски и Милески се сомничат дека преку поранешната специјална обвинителка Катица Јанева издејствувале ослободување од притвор на осомничениот бизнисмен Орце Камчев во предметот „Империја“ и можност за спогодба. За таа „услуга“ Камчев им платил 1,5 милиони евра. Видео-снимки од плаќањето беа објавени на италијанскиот портал Ла Верита.

Јовановски и Милески беа притворени на 16 јули, а Јанева од 21 август.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG