Достапни линкови

Бојан Јовановски останува во притвор, одлучи Апелација


Бојан Јовановски - Боки 13 на распит во Обвинителство

Скопскиот Апелациски суд не го прифати барањето на одбраната на осомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 во случајот „Рекет“ да му се укине мерката притвор. По разгледувањето на жалбата, Судот одлучил дека се уште постои опасност Боки 13 да побегне, како и да го повтори делото.

Јовановски на вчерашната јавна седница во Апелацискиот суд се пожали дека тоа што физички изгледа добро, не ја отсликува неговата реална состојба. Неговата одбрана изјави дека до Судот доставиле медицинска документација дека Јовановски има животозагрозувачки здравствени проблеми и дека мора итно да биде хоспитализиран, а Јовановски побара најмалку домашен притвор.

Боки-13 на 15 јули годинава беше приведен на распит во Обвинителството заедно со второосмоничениот Зоран Милески – Кичеец. По неколкучасовниот распит Јовановски беше изведен пред Суд, каде на барање на Јавното обвинителството му беше одредена мерка притвор.

Во случајот „Рекет“што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција, третоосомничена е и поранешната шефица на СЈО Катица Јанева, која исто така, се наоѓа во притвор. Второосомничениот во „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец, е пуштен во куќен притвор.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.

XS
SM
MD
LG