Достапни линкови

Битката против лажните вести - Бајка која завршува со кошмар


Основач на орвешкиот сервис за проверка на факти Кристофер Егенберг
Основач на орвешкиот сервис за проверка на факти Кристофер Егенберг

Организацијата посветена на проверка на факти во Норвешка ја основале шест најголеми конкурентни новински организации во земјата. Нејзиниот главен уредник Кристијан Егенберг вели дека битката против лажните вести и дезинформациите не е добиена. Со него разговаравме во Тирана на конференцијата на ЕУ посветена на медиумите во Западен Балкан.

Бајка која завршува со кошмар, затоа што не ја добиваме војната е вашиот став кога станува збор за сервисите за проверка на факти.
Зошто гледате лош крај во таа приказна ?


Кога почнувавме пред 6 години во Норвешка, бевме некако наивни, мислејќи дека работиме на забавување на трендот кој доаѓа од надвор, од САД, од други делови од светот , за нешто што го немавме во Норвешка. Мислевме дека лажните вести, дезинформациите не се голем проблем во Норвешка. Но, сега 6 години подоцна гледаме дека лажните вести и дезинформациите се голем дел од јавниот дискурс и дека се под површината. А на површината за време на ковид пандемијата, случувањата во САД со Кјуанон ( QAnon) движењата –( политичко движење на теоретичари на заговор), движењето на антиваксерите. Луѓето мислеа дека мобилните телефони се носители на вирусот, и сега војната во Украина која открива многу пропаганда со која се хранат алтернативните норвешки медиумски мрежи.

Денеска гледаме дека проблемот не е на медиумите, туку е голем проблем за целото општество. Кога ние почнувавме многу луѓе, па и Владата и премиерот јавно посочува дека лажните вести се проблем со кој треба да се справат само медиумите. Денеска сите се согласуваат дека лажните вести и дезинформациите и теориии на заговори се проблем со кој треба да се справуваа целото општество. Но, дали ја добиваме таа битка? Mислам дека засега не водиме во таа битка, но сега можеби сме дојдени до таа позиција, да се справиме холистички преку целото општество, да не ги оставаме новинарите сами да ја бијат таа битка.

Какви се шансите да се добие таа битка ?

Мислам дека имаме шанса. Мислам дека сега луѓето, генерално и публиката е многу посвесна дека ги „хранат “ со дезинформации, дека има опасни теории на заговори и дека лажните вести се вистински проблем. Силно верувам дека ова е поради ковид пандемијата, дека ова е толку многу на површината, што луѓето сега се посвесни дека луѓе потпаѓаат на ваква пропаганда. Сега, она што ние мораме да го направиме, е да ja изградиме медиумската писменост, за тие самите да можат да се борат против тоа. Како со вирусот, мора да изградиме вакцина, затоа што мислам дека не можат ниту новинарите сами, ниту владите само да се борат против ова. Мислам дека луѓето сами можат да се борат против дезинфорациите, да станат медиумски пописмени и да внимаваат што читаа на социјалните мрежи и интернет.

Ја спомнавте ковид пандемијата, во Украина има војна, актуелни се и економска и енергетска криза во целиот свет. Дали проблемот со дезинформациите и лажните вести сега стана повидлив поради проблемите со кои се соочуваат луѓето?

Апсолутно, овие проблеми направија, барем јас така мислам дека во мојата земја, овие проблеми преку социјалните медиуми предизвикаат теориите на заговор и лажните вести да навлезат во мејнстрим медиумите. Тоа повеќе не е надвор, на маргините, стана дел од главниот наратив. Станаа многу повидливи и луѓето се многу повеќе изложени на лажни наративи и лажни стории. Мислам дека е важно, затоа што претходно луѓето веруваа дека тоа е маргинален проблем, сега гледаат дека тоа е навистина голем проблем.

Како професионалните новинари можат да се борат против алгоритамот на социјалните платформи каде што има експанзија на дезинформации и лажни вести насочени кон публиката ?

Мислам дека има два начини за борба. Првиот е да се продолжи со професионалната работа и да се одолее на потребата да се стане дел дел од тој проблем со алгоритам со тоа што ќе се прават сензационални и нефер стории. Мора да се држиме до нашиот професионализам, и да веруваме дека публиката сака да чита вистински и квалитетни вести, а не само многу брзи, таблоидни и поларизирани вести, кои што сега имаат понапреден пристап до публиката преку социјалните медиумски платформи.

Вториот начин е тоа што мораме да бараме поголема отвореност и транспарентност од компаниите кои ги поседуваат социјалните платформи за тоа како работат нивните платформи. Не верувам дека новинарите можат да ја бијат таа битка, но владите можат да ја водат таа битка, да бараат поголема отвореност за начинот на функционирање на нивните алгоритми и начинот на кој што ги шират вестите до своите корисници.

И последниот начин е со медиумска писменост. Мораме да ги едуцираме граѓаните да подржуваат квалитетно новинарство, и не само децата туку и повозрасните граѓани на кои им недостасува дигитална писменост. Барем во мојата земја анализите покажуваат дека граѓаните над 50 годишна возраст, повозрасната генерација имаат по тешкотии да разликуваат вистинска вест од лажни вести, од теории на заговор од вести кои се однесуваат на вистинска наука. Тие се можеби најгневните луѓе он лајн, тоа се стари и гневни луѓе кои викаат на фејсбук или на другите социјални платформи. Тие се најчесто фрустрирани затоа што не го разбираат овој алтернативен свет.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG