Достапни линкови

Обвинетите за „Монструм“ уапсени во Косово, потврди адвокатот


Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, обвинети за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро на 12 април 2012 година.
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, обвинети за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро на 12 април 2012 година.

Македонското МВР сè уште нема официјална потврда дека во Косово се уапсени обвинетите за „Монструм“, но нивниот адвокат Насер Рауфи, повикувајќи се на информации од сопствени извори, потврди дека уапсените во Приштина се токму неговите клиенти Африм Исмаиловиќ и Алил Демири.

Косовската полиција го проверува идентитетот на двете лица уапсени синоќа околу 19 часот, за кои беше соопштено дека се Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се обвинети дека се директни извршители на петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.
Да, дефинитивно тие се клиентите, значи вам ви е познато дека беше распишана меѓународна потерница, тие се сега достапни за нашиот правосуден систем па ќе се чека евентуална екстрадиција за да се вклопат во кривичниот предмет бидејќи постапката спрема нив не е раздвоена и истите се судат во процесот кој е во тек.
Насер Рауфи, адвокат на обвинетите во „Монструм“.

Претходно, косовската полиција ја известила министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дека двајцата одговараат на описот од меѓународната потерница, но дека немале никакви документи за идентификација.

Македонското МВР сè уште нема официјална потврда дека во Косово се уапсени обвинетите за „Монструм“, но нивниот адвокат Насер Рауфи, повикувајќи се на информации од сопствени извори, потврди дека уапсените во Приштина се токму неговите клиенти Африм Исмаиловиќ и Алил Демири.

„Да, дефинитивно тие се клиентите, значи вам ви е познато дека беше распишана меѓународна потерница, тие се сега достапни за нашиот правосуден систем па ќе се чека евентуална екстрадиција за да се вклопат во кривичниот предмет бидејќи постапката спрема нив не е раздвоена и истите се судат во процесот кој е во тек“, изјави денеска Рауфи.
Првично тие се приведени и потоа јавното обвинителство во соработка со судот во Приштина може да одредат мерка притвор и потоа постапките за екстрадиција не се во надлежност на полицијата, туку на судството. Во моментот кога тие ќе одлучат за екстрадицијата, ние имаме служби што тоа ќе го спроведат.
Арбер Бека, портпарол на косовската полиција.

Портпаролот на косовската полиција Арбер Бека претходно потврди дека синоќа во Приштина биле уапсени две лица по кои има распишано меѓународна потерница од Македонија.

„Тоа се судски процедури. Првично тие се приведени и потоа јавното обвинителство во соработка со судот во Приштина може да одредат мерка притвор и потоа постапките за екстрадиција не се во надлежност на полицијата, туку на судството. Во моментот кога тие ќе одлучат за екстрадицијата, ние имаме служби што тоа ќе го спроведат“, изјави Бека.

По утврдувањето на идентитетот на уапсените, се очекува Министерството за внатрешни работи да излезе со детални информации во врска со апсењето на двајцата обвинети и за нивната екстрадиција.

Засега нема информации дали косовската полиција ги привела, токму по основ на меѓународната потерница или пак за некое друго дело извршено на косовска територија, па потоа утврдиле дека по нив има и потерница.

Судскиот процес за петкратното убиство почна на 20 декември 2012 година, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. Агим Исмаиловиќ, како и неговиот брат Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се обвинети дека се директни извршители на убиствата, а останатите се обвинети за помагање.

На 12 април минатата година без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски. Во јавноста силно одекна оваа вест. Дента по масакарот, жители на Радишани и Црешево се собраа на протест и ги блокираа патиштата, а беа организирани протести на етничките Македонци.

На 1 мај минатата година, во голема акција на полицијата наречена „Монструм“ беа уапсени 20 лица за кои беше речено дека дел од нив биле на местото на убиството. Полицијата соопшти дека убиствата биле извршени од радикална исламистичка терористичка група. Тоа предизвика големи протести на етничките Албанците кои протестираа зашто сметаат дека на тој начин се стигматизирале сите муслимани во земјава.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG