Достапни линкови

Повреден снимател и скршени прозорци за крај на протестите


Нови протести против акцијата Монструм
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Нови протести против акцијата Монструм.

Снимателот на Телма беше погоден со камен во глава, скршени прозорци на владата, каменувани седиштето на ДУИ во Скопје и општина Чаир.

Со скршени прозорци и повреден снимател и полицаец, завршија денешните протести на повеќе од 5 илјади главно млади Албанци во Скопје. Снимателот на Телма Жарко Пачемски бил погоден со камен на крајот на протестите, кога демонстрантите го каменувале седиштето на ДУИ, а полицијата не им дозволила да стигнат до зградата на општина Чаир. Еден полицаец исто така бил погоден со камен пред владата, а беа искршени и неколку прозорци на владината зграда. Настрада и автобуската постројка пред владата.
Многу сме уморни од полициските акции што се како во акционен филм. Треба еднаш засекогаш да се запре со ова. Нашите деца и жени добиваат фобија од овие акции, за да владата добие поени во НАТО и во САД. Ние не сакаме да бидеме жртва за нивните поени.
Бурхан Сефери, учесник на протестот.

Протести се одржаа и во неколку други градови каде што живеат Албанци. Повод за протестите се апсењата во полициската акција „Монструм“ во врска со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро од 12 април.
Снимателот на Телма Жарко Пачемски беше повреден на протестите пред општина Чаир. Тој беше погоден со камен во глава. Фото: ТВ Телма.
Снимателот на Телма Жарко Пачемски беше повреден на протестите пред општина Чаир. Тој беше погоден со камен во глава. Фото: ТВ Телма.

Демонстрантите велат дека протестираат против монтираните процеси и бруталните полициски акции против Албанците.

„Многу сме уморни од полициските акции што се како во акционен филм. Треба еднаш засекогаш да се запре со ова. Нашите деца и жени добиваат фобија од овие акции, за да владата добие поени во НАТО и во САД. Ние не сакаме да бидеме жртва за нивните поени“, рече Бурхан Сефери, учесник на протестот.
Протестираме за навредите што ги упати Владата на Македонија кон албанскиот народ со муслиманска вероисповед, навредувајќи ги нивните верски чувства и газејќи го достоинството на нашите неправедно уапсени сестри.
Соопштение од демонстрантите.

Едно од барањата на демонстрантите е меѓународната јавност(ОБСЕ, САД, ЕУ, Турција, Албанија и Косово) да инсистираат да се формира независна истражна комисија со меѓународни експерти за да се расветли судбината на сите уапсени во акцијата Монструм.

Според соопштението што им го поделија на новинарите, тие ја споделуваат болката на семејствата на младите убиени Македонци и бараат убијците да бидат изведени пред лицето на правдата.

„Протестираме за навредите што ги упати Владата на Македонија кон албанскиот народ со муслиманска вероисповед. Навредувајќи ги нивните верски чувства и газејќи го достоинството на нашите неправедно уапсени сестри“, се вели во соопштението на демонстрантите.
На овие протести имаше повеќе луѓе отколку на тие од минатиот петок. За разлика од тогаш, сега имаше многу повеќе албански знамиња, но повторно можеше да се забележат зелени и црни исламски знамиња. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишува „Албанците не се терористи“, „Сопот 2“ и „Јас сум муслиман, а не терорист“.

Забележавме повозрасни луѓе кои им делеа транспаренти на млади и на малолетни деца.
Редарите главно успеваа да го држат протестот под контрола, но забележавме дека некои млади луѓе ги полнеа џебовите со камења на градилиштето на плоштадот „Скендер бег“.

Групата извикуваше „Оставка“, „УЧК“, „Убијци“, „Алах е голем“, „Никола терорист“ и „Етничка Албанија“.

„Во името на сите муслимани јас изјавувам дека Јанкулоска е радикална христијанка и таа е подеднакво опасна и за христијаните и за муслиманите“, изјави еден од демонстраните кои протестираа пред Владата.

„Ова е монтиран процес, не може 64-годишна баба да биде терорист, да биде убиец“, вели друг.

Протестот почна по завршувањето на петочната молитва пред Јаја-пашината џамија во Скопје. Од таму демонстрантите се упатија кон Основниот суд Скопје 1 за да заврши пред зградата на владата.

Освен во Скопје, протести се одржаа и во уште неколку други градови. Протестите во Куманово, Тетово, Гостивар и Струга завршија без инциденти. Во Дебар, иако беа најавени, протести речиси и да немаше, се појавија само неколку луѓе.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG